Магичен коктел кој ќе заблеска на вашата забава

Сакате да направите блескава забава за којашто луѓето вечно ќе зборуваат? Тогаш ви е потребно нешто уникатно како на пример, ваков коктел кој блеска под дејство на црна светлина, која ќе ја овозможите со купување специјални лампи, што емитуваат ултравиолетова и ултрацрвена радијација. Таква светлина најверојатно досега сте виделе на некои журки, кадешто на некои луѓе им светела белата облека или забите.

Магичен коктел кој ќе заблеска на вашата забава

Тој е измислен во 2006 година и има розова боја кога го гледате на природна светлина, но блеска во розово-сина боја, кога се гледа под дејство на црна светлина.  Прво бил правен со розова лимонада (стандардна лимонада обоена со сок од малини, цреши, црвен грејпфрут, боровинки, јагоди или ликер Гренадин), но потоа го модифицирале со „Roses Mojito Passion“ коктел микс.

Потребни состојки:
Начин на подготовка:
  • Измешајте ги сите состојки заедно пред да започне забавата
  • Додадете го мразот што е можно покасно, пред да почнете да ги служите коктелите
  • Послужете го блескавиот коктел и радувајте се на воодушевувањето од гостите :)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар