Мафини со вкус на јагоди и ванила

Мафини со вкус на јагоди и ванила

Десерт кој ќе ве расони и ќе ве исполни со среќа

Мафини со вкус на јагоди и ванила

Потребни состојки:
  • 6 јајца
  • 60 грама путер, стопен
  • 240 милилитри кокосово млеко
  • 15 грама екстракт од ванила
  • 60 мл мед
  • 85 грама кокосово брашно
  • 1/2 лажичка грама прашок за пециво
  • 1/4 лажичка морска сол
  • 30 грама смрзнати и исушени јагоди, исецкани на мали парчиња
Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени. Додека чекате таа да се загрее, во голем сад изматете ги заедно јајцата, стопениот путер, кокосовото млеко, медот и ванилата. Во посебен сад измешајте ги кокосовото брашно, солта, прашокот за пециво и исецканите јагоди. Додадете ги и двете мешавини на едно место и мешајте сѐ додека тестото не стане без грутки. Но, не претерувајте. Откако ќе завршите, дозволете ѝ на смесата да постои околу 5 минути за да може кокосовото брашно да ги впие течностите. Потоа додадете ја смесата во калап за мафини. Печете околу 30 минути.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар