Мачкиното предење - решение на голем број проблеми

Мачкиното предење – решение на голем број проблеми

Во последно време, многу луѓе зборуваат за здравствените бенефиции од мачкиното предење. Мачките се навистина мистериозни и необични суштества, а ова тврдење е особено чудно, но останува да тестираме за да видиме колку е вистинито.

0-machkinoto-predenje-reshenie-na-golem-broj-problemi-kafepauza.mk

1. Го намалува стресот

Вибрациите кои го создаваат мачкиното предење делуваат како седатив на нервниот систем кај луѓето и на тој начин ги смирува. Исто така, го намалуваат стресот и напнатоста која редовно ја чувствуваме од работата и од други стресни обврски.

2. Предењето може да биде индикатор за болест

Според научниците, постои разлика во предењето од задоволство и предењето кога мачката се обидува да го предупреди човекот за некоја болест. Исто така, постои истражување кое кажува дека во зависност од болеста секое предење е различно.

3. Го намалува крвниот притисок

Мирното мачкино предење има моќ да го регулира крвниот притисок. Секако дека не може да ги замени лековите, но сигурни сме дека позитивно може да влијае врз вас.

4. Ги зајакнува коските

Според зборовите на светските ортопеди, фреквенцијата од 25-200 Hz која мачката ја произведува додека преде е најдобра за зајакнување на коските.

5. Го намалува ризикот од срцев удар

Според последните кардиолошки истражувања, сопствениците на мачки имаат и до 40% помали шанси да доживеат инфаркт.

6. Спречува отоци и инфекции

Силните вибрации кои мачките ги произведуваат за време на предењето ја забрзуваат циркулацијата – поради што доаѓа до намалување на отокот и елиминација на инфекциите од организмот.

7. Позитивно делува на лигаментите и мускулите

Многу професионални спортисти го забележале позитивното дејство од нивните мачиња во моменти на замор на мускулите или повреда на лигаменти и тетиви. Затоа, при умор или повреда на лигаменти и тетиви се препорачува долго галење на мачки.

За крај, еве видео снимка од едно сонливо маче чие предење ќе ги излечи сите ваши болки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар