Мачкини очи украсени со спирала: Нов мејкап тренд на социјалните мрежи

Мачкини очи украсени со спирала: Нов мејкап тренд на социјалните мрежи

Оваа есен ќе го обожаваме овој необичен и помалку магичен мејкап тренд што совршено ќе ја истакне вашата креативност и оригиналност. Станува збор за ајлајнерот„спирала“. Пред да донесете пребрз заклучок, не зборуваме за вселенски ајлајнер кој досега не сме го виделе, туку за класичен црн ајлајнер, односно за начинот на носење на истиот, во комбинација со малку боја за целосно несекојдневна и фантастична варијанта на една од најпопуларните техники за шминкање – мачкини очи.

1-nov-golem-trend-vo-shminkanjeto-dali-vekje-go-isprobavte-spirala-ajlajnerot-www.kafepauza.mk_

Нанесувањето на црната основа е исто како и претходно, а потоа со ајлајнер или молив за очи во некоја впечатлива боја ќе ги додадете посакуваните украси. Зарем овој изглед не ве потсетува на „Ѕвездени патеки“ или на нешто навистина „вселенско“?

Можностите, боите и комбинациите се навистина безбројни, само треба да ја ослободите вашата фантазија и да си поиграте пред огледалото. Секако, овој тренд не се препорачува за училиште, факултет или пак на работното место, но штом ќе се најдете во можност каде што ќе имате потполна слобода во облекувањето и шминкањето, задолжително испробајте го и изненадете ги сите со вашата креативност и оригиналност.

2-nov-golem-trend-vo-shminkanjeto-dali-vekje-go-isprobavte-spirala-ajlajnerot-www.kafepauza.mk_

За нас, ова е навистина еден вид мејкап уметност! Толку едноставно, а необично, но во онаа позитивна смисла која ве тера и вие самите да го пробате. Сепак, за овој тренд ќе ви биде потребна максимална прецизност и трпение, но за ваков резултат, тоа навистина се исплаќа.

Погледнете неколку идеи и пронајдете ја вашата инспирација!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар