Луѓето кои го средуваат својот кревет наутро се посреќни и попродуктивни

Средувањето на креветот е лесна задача која најчесто тотално се отфрла откако вашите родители ќе престанат да ве тераат да го правите тоа. Многу е лесно да се разбере зошто некои луѓе не го средуваат својот кревет кога брзаaт за на работа или кога се премногу мрзливи да се качат на врз него за да го израмнат чаршафот.

Луѓето кои го средуваат својот кревет наутро се посреќни и попродуктивни

Според една анкета која била спроведена на 68.000 луѓе од страна на веб-сајтот „Hunch“, 59% од луѓето не го средуваат својот кревет, 27% го средуваат, а 12% плаќаат некој друг да го направи тоа за нив. И покрај тоа што средувањето на креветот секое утро најверојатно е најмалата ваша грижа, сепак постојат многу нешта кои ни сугерираат дека оние кои го прават тоа се посреќни и попродуктивни. Еве зошто треба да размислите да ја развиете оваа навика…

Лесно е за средување – Да бидеме реални, најтешкиот дел е станувањето од креветот, а не неговото местење. Вие дури можете да ги искористите овие 2 минути за психолошки да се подготвите за она кое ви следува во текот на денот.

Ви предизвикува чувство на постигнување – Ова е првото нешто што ќе го почувствувате утрото. Ако вие го средувате вашиот кревет секое утро, со тоа и ја завршувате првата задача на денот. Токму тоа ќе ви овозможи мало чувство на гордост и ќе ве охрабри да завршите уште една задача, па уште една и уште една…

Вашата соба визуелно ќе изгледа подобро – Можеби ви звучи очигледно, но ова е многу важно. Вашата соба е и ваше засолниште, па доколку е во хаос ќе ви предизвикува дополнителен стрес. Доколку вашиот кревет е среден, не само што ќе ви изгледа поудобно кога ќе треба да си легнете, туку и ќе ви помогне при одморање на вашиот ум.

Состојбата на вашиот кревет е и состојбата на вашиот ум – Вашиот кревет е и ваш симбол. Доколку тој е среден, има големи шанси да чувствувате и дека во вашиот живот има ред.

Ја подобрува продуктивноста и среќата – На анкетата спроведена од веб-сајтот „Hunch“, 71% од учесниците кои го местеле својот кревет наутро изјавиле дека се среќни, додека 62% од оние кои не го правеле тоа сметале дека се несреќни. Оние кои го местат својот кревет исто така повеќе уживаат во својата работа, редовно вежбаат и подобро спијат, за разлика од оние кои не го местат креветот и кои најчесто ја мразат својата работа, ја избегнуваат теретаната и генерално се уморни.

Ве подготвува за сите оние нешта кои не сакате да ги правите – Со тоа што правите нешто што не сакате да го направите, вие психолошки се подготвувате да ги извршувате и сите оние останати задачи кои можеби нема да ви се допаѓаат, но кои ќе мора да ги завршите.

Отвора врата кон други добри навики – Средувањето на креветот е клучната навика која потоа овозможува создавање и други добри навики, како готвење или вежбање. Овие навики можат да вклучуваат и гледање помалку ТВ или јадење едно јаболко на ден.

Но, ако тоа не е за вас, науката е повторно на ваша страна – Потребни се 66 денови за одредена задача да се претвори во навика или рутина, па ако не можете да издржите толку долго не грижете се. Некои научници велат дека растурените кревети можат да нè одржуваат здрави така што ги бркаат „бубачките“ кои најчесто се одговорни за настинки и астма. Тие не можат да преживеат во топлата и сува околина на несредениот кревет. Полн погодок.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар