Луѓето ги одлучуваат овие 8 работи за вас кога прв пат ќе ве запознаат

Како притисокот да оставите добар прв впечаток да не е малку, истражувањата покажале дека во неколкуте секунди кога запознавате некого, тој или таа прави претпоставки за вас и за целиот ваш живот. Секако дека можете да ја измените нивната перцепција, но тоа нема да изгледа природно. Па, погледнете луѓето ве анализираат и откријте кои први впечатоци ги оставате кај нив.

lugjeto-gi-odluchuvaat-ovie-8-raboti-za-vas-koga-prv-pat-ve-zapoznavaat-kafepauza.mk

1. Дали може да ви се верува?

Истражувачи од Универзитетот Принстон откриле дека испитаниците направиле претпоставки за карактеристиките на многу странци, со тоа што едната група гледала фотографија од странец неколку секунди, а на другата група ѝ било дозволено да гледа подолго. Групата која ја гледала фотографијата подолго, дала различни одговори во речиси секоја категорија, освен во верноста. Првиот впечаток овде е оној кој останува.

2. Каква е вашата социјална положба?

Ова е лесно за манипулирање, но сепак вистинито. Луѓето кои изгледаат „прибрани“, добро облечени и средени најчесто се доживуваат како луѓе кои се од повисоката социјална класа, за разлика од оние кои носат стара и истрошена облека.

3. Дали сте доволно интелигентни за интеракција?

Ова е многу едноставно. Сакате да изгледате паметно? Носете очила и користете големи зборови (правилно). Едно истражување покажало дека контактот со очите укажувал на интелигентен соговорник повеќе од што луѓето мислат. Па, направете контакт со очите ако сакате да импресионирате некого.

4. Дали спиете со речиси секој?

Ова може да звучи како осудување, но веројатно станува збор за прашањето: „Дали има шанса да спиеш со мене?“ На пример, за девојките со тетоважи се смета дека се повеќе како мажите кога станува збор за пиење, спорт, автомобили и да, секс. Ова не значи дека треба да го промените вашиот изглед или вашето однесување, но добро е да знаете дека и тие испраќаат порака.

5. Дали сте алфа маж или алфа жена?

Мажите кои се ќелави, со брада и со кафени очи, заедно со високите мажи и жени, се гледани како подоминантни, а ова всушност е нешто што луѓето го сметаат за привлечно. Се разбира постојат и луѓе кои се чувствуваат предизвикано од некоја доминантна фигура, па затоа внимавајте.

6. Дали сте финансиски успешни?

Ова е многу слично со социјалната положба каде што повеќе вашиот изглед ја раскажува приказната, отколку вашето однесување.

7. Дали сте амбициозни?

Начинот на кој зборувате, комуницирате со странци, па дури и како ја пеглате вашата облека, може да биде индикација за тоа како се движите кон вашите цели во животот. Знаете како изгледа стереотипна мрзлива личност? Замислете го спротивното од тоа и ова е како луѓето мислат дека една амбициозна личност изгледа и се однесува.

8. Дали сте авантуристи?

Чудно, но начинот на кој одите им кажува многу на другите за вашето чувство за авантура. Крутиот чекор укажува на тоа дека не се оддалечувате многу од вашата зона на удобност. Од друга страна, поопуштениот од укажува дека имате слободен дух кој прифаќа предизвици и дека сте спонтана личност. Па, почнете да работите на вашето одење!

Погледнете ги овие совети за како да оставите добар прв впечаток.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар