Лоши навики кои нè прават несреќни

Лоши навики кои нè прават несреќни

Зошто на сите нам ни е тешко да преминеме преку лошите навики кои нè уназадуваат, ни ги рушат соништата, нè прават подебели и нè спречуваат да бидеме поедноставни и посреќни?

Лоши навики кои не прават несреќни

Како воопшто е возможно сите наши добри намери да пропаѓаат во вода? Сите сакаме да бидеме фокусирани и продуктивни, редовно да вежбаме и да јадеме здрава храна, да не пушиме и пиеме, но едноставно не можеме. Одговорот лежи во нешто екстремно едноставно, но многумина не сме ни свесни за тоа. Едноставно не знаеме да се справиме со стресот и досадата на здрав начин, па затоа создаваме лоши навики.

Во овој тип лоши и нездрави навики спаѓаат:

  • пушење цигари
  • интернет-зависност
  • јадење брза храна
  • пиење алкохол
  • постојано покажување гнев и лутина
  • целодневно гледање телевизија и играње видеоигри
  • шопинг со кредитна картичка (длабоко влегување во долг)
  • неактивност како техника за одбегнување стрес
  • грицкање нокти, џвакање коса

Ова не е комплетна листа, туку само дел од оние најчестите лоши навики кои луѓето ги стекнуваат кога се обидуваат да се справат со стресот и досадата. Нив ги создаваме како одбранбени механизми, затоа што поинаку не знаеме да се справиме.

Лоши навики кои не прават несреќни

Па зошто би ни сметало овие навики да ги замениме со поздрави? Зарем на тој начин нема да се ослободиме од стресот? На ова прашање има само еден одговор, па затоа треба да ги одбереме оние навики, кои ќе ни донесат некаква придобивка во живеењето. Еве неколку интересни идеи:

  • пешачење, трчање, пливање, возење велосипед
  • стомачни вежби, склекови
  • медитација со јога
  • дружба со пријатели
  • учење странски јазик
  • пишување, свирење на некој инструмент, читање книги
  • уживање во моментите кога сте сами
  • дневна прошетка во природа
  • справување со сметките, даноците и други давачки без одложување
  • контрола над секоја ситуација, правење листи и одење чекор по чекор
  • јадење здрава храна препорачана од нутриционист
  • полна када за уживање во топла бања
  • живеење во сегашноста

Ова се одлични примери кои ќе ви помогнат да си го подобрите животот од многу аспекти. Но оваа листа треба да ја надградите со уште навики кои би биле забавни за вас и би ве правеле посреќни.

Промена на навиките

На сите треба да ни е јасно дека старите навики не можат да се променат преку ноќ. Треба трпеливо да се оди чекор по чекор, па дури и да се потребни неколку години. За почеток најважно е да се разбере што е предизвикувачот на таквото однесување и да се има волја за промена. Треба да не дозволиме стресот и досадата да ја земат целосната контрола врз нашиот живот и да не се плашиме од нив. Откако ќе го увидиме проблемот, понатаму е лесно. Треба да се следат неколку чекори и да се има трпение.

  1. Променувајте една навика, не сите одеднаш.
  2. Не трудете се веднаш да ја промените во целост.
  3. Уживајте во новите навики, не правете ги со сила.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар