Љубовта е збир од моменти, не бескрајна страст

Романтичните комедии, бајките и романтичната фикција многумина ги оставаат со размислувањето дека откако ќе ги најдат нивните принц или принцеза, љубовта ќе трае засекогаш. Брачните советници, истражувачите и долгогодишните парови во брак сè повеќе се борат против оваа идеја, тврдејќи дека придонесува за неразумни очекувања и обесхрабрувачки надежи.

Љубовта е збир од моменти, не бескрајна страст

Но, идејата дека љубовта е едноставно пронаоѓање на вистинската личност и потоа работење на проблемите како што доаѓаат, почнува полека да се напушта. Психологот Барбара Фредриксон во својата книга „Love 2.0: How Our Supreme Emotion Affects Everything We Feel, Think, Do, and Become“ ја напаѓа оваа идеја за која смета дека придонесува за хронична несреќа во романтичните врски.

Љубовта како моменти

Многу луѓе се запознаени со истражувањата кои укажуваат на тоа дека романтичната страст има тенденција да „умре“ по неколку години, но Фредриксон го однела ова истражување еден чекор понапред, тврдејќи дека љубовта се појавува во моменти, а не како единствен избор кој трае во текот на годините. Таа овие моменти ги нарекува „микромоменти на позитивна резонанса“.

Љубовта е збир од моменти, не бескрајна страст

И покрај тоа што овој термин не изгледа многу романтично, истражувањето на Фредриксон дава корисни насоки за одржување на траењето на љубовта. За Фредрискон, овие микромоменти се карактеризираат со нагло надоаѓање на позитивни чувства за време на позитивна интеракција со одредена личност. Долгогодишните врски, гледани на овој начин, би можеле да бидат нешто малку повеќе од огромна колекција на среќни моменти кои се собираат во период од неколку години.

Љубовта и мозокот

Истражувачите постојано го зголемуваат својот интерес за ефектите кои љубовта ги има врз мозокот. Тие откриле дека, на пример, добрите слушатели имаат тенденција да ја пресликаат активноста на мозокот на соговорниците, што значи дека со слушањето на вашиот партнер, вие можете да завршите со истите или слични чувства кој тој/таа ги чувствувале во тој момент.

Љубовта е збир од моменти, не бескрајна страст

Кога паровите комуницираат помеѓу себе, стимулацијата од вагусните нерви им овозможува да ги пресликуваат нивните фацијални експресии и да одржуваат контакт со очите. Фредриксон ги карактеризирала овие пресликувања како микромоменти на љубов кои се резултат на интензивната поврзаност помеѓу нивните мозоци.

Одржување на долготрајната љубов

Истражувањето на Фредриксон би можело негативно да влијае на идејата за избор направен еднаш кој потоа трае цел живот, но сепак ни нуди неколку совети кои би можеле да ни помогнат во одржување на љубовта. Таа вели дека, на пример, луѓето кои се вклучуваат во Будистичката медитација позната како љубовна-добрина (практика која помага при одржување на позитивните чувства и емпатијата), се повеќе способни за емпатија и можат подобро да ги разберат потребите на нивниот партнер. Ако љубовта навистина е микромомент, секојдневните постапки и избори вредат многу повеќе, па дури и наједноставниот акт на добрина може да биде клучен за одржување на уште еден ден исполнет со љубов.

Љубовта е збир од моменти, не бескрајна страст

Паровите кои сакаат да го употребат Фредриксовото истражување за да станат поблиски можат да ги пробаат овие неколку совети:

  • Поминувајте секојдневно време фокусирано на вас двајца. Во просек паровите кои живеат заедно поминуваат само околу 150 будни минути еден со друг секој ден, од кои помалку од 30 минути се квалитетно време. Оваа статистика не ви остава многу можности за микромоменти на љубов.
  • Одржувајте ги позитивните чувства за вашиот партнер така што ќе размислувате „топло“ за него/неа, ќе медитирате или ќе се фокусирате на неговите/нејзините силни страни.
  • Одржувајте контакт со очите, тоа е клучот за подобра поврзаност. Пресликувањето на чувствата на вашиот партнер преку говорот на телото и активното слушање можат да придонесат за зголемена позитивност, топлина и чувства на љубов.
  • Секојдневно правете мали услуги за вашиот партнер, како изненадување со неговото/нејзиното омилено јадење. Овие постапки ги зголемуваат позитивните чувства и го намалуваат стресот.
  • Создавајте моменти на позитивност и со други луѓе надвор од вашата врска. Фредриксон вели дека луѓето кои имаат многу микромоменти на позитивност во текот на денот, чувствуваат многу повеќе љубов. Ако се чувствувате посреќно во вашиот живот ќе бидете многу потолерантни и ќе го намалите нивото на стрес кое може негативно да влијае на вашата врска.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар