Љубовта е страшна: 12 чудни фобии кои никој не ги очекува од својот партнер

Љубовта е страшна: 12 чудни фобии кои никој не ги очекува од својот партнер

Романсата дефинитивно знае често да предизвикува анксиозност. Но, понекогаш и сосема вообичаена „љубовна“ ситуација кај некои личности може да биде причина за огромен и неочекуван страв. Започнувајќи од стравот да се биде сам, па сè до ужаснувањето од чоколади, следуваат најчудните фобии поврзани со љубовта.

Љубовта е страшна: 12 чудни фобии кои никој не ги очекува од својот партнер

1. И покрај тоа што фобијата од обврски е измислена, сепак се верува дека личностите кои се плашат да бидат во врска имаат аморафобија – страв од љубов.

2. Личностите со метрофобија имаат страв од поезија. Па, ако вашиот партнер ја има оваа фобија не очекувајте романтични и страстни стихови како изненадување за Денот за вљубените.

3. Кутија во форма на срце која е полна со чоколади може да биде повеќе застрашувачка отколку романтична за оние кои имаа ксоколатофобија- страв од чоколадо.

4. Еве една фобија која често се сретнува кај срамежливите луѓе. Еритрофобија или страв од црвенеење предизвикува огромна засраменост и повлекување во себе и поради тоа тие кои ја имаат ги избегнуваат своите симпатии.

5. Секој кој бил „жртва“ на лош бакнувач може одлично да ги разбере оние кои имаат филематофобија – страв од бакнување.

6. Испраќањето црвена честитка во форма на срце на некој кој има кардиофобија т.е. страв од срце, дефинитивно може да биде многу злобен избор за Денот на вљубените.

7. Што може да биде страшно во еден букет со цвеќиња? Оние кои имаат антрофобија или страв од цвеќиња, само една ружа може да им предизвика силни чувства на анксиозност – дури и ако нема трнови.

8. Личностите со хафефобија или афенфосмофобија мора се многу осамени, бидејќи поради нивните фобии тие не дозволуваат на никој да ја допре нивната кожа.

9. Главоболките кои се предизвикани од премногу силни, хемиски миризби и изгорениците од топол восок може многу добро да објаснат зашто некој страда од кериофобија – страв од свеќи.

10. Личностите кои имаат ануптафобија се чувствуваат анксиозно дури и при самата помисла дека би можеле да останат сами до крајот на нивниот живот.

11. / 12. Овие две фобии одат „рака под рака“. Орнитофобија, стравот од птици и апипфобија, стравот од пчели можат многу да ви отежнат ако сакате да го однесете вашиот партнер на пикник.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар