Љубовни лекции кои мораме да ги научиме во 20-тите години

Љубовни лекции кои мораме да ги научиме во 20-тите години

Човекот учи додека е жив, а овој факт особено важи кога станува збор за љубовта. 20-тите години се период од животот во кој правиме многу грешки, но истовремено учиме и многу лекции. Прочитајте кои љубовни лекции треба да ги научиме најкасно до 30-тата година.

Љубовни лекции кои мораме да ги научиме во 20-тите години

Страста не е љубов

Постои голема разлика помеѓу страста и вистинските романтични емоции, а на секој од нас му треба време и искуство за да може да ја направи разликата. Постојат луѓе кои ќе ви бидат привлечни, исклучиво бидејќи ја чувствувате хемијата помеѓу вас, и покрај тоа што можеби не сте воопшто компатибилни. Не е лошо да постојат разлики во вашите карактери, но морате да внимавате да не влезете во врска со некој кој воопшто не ви одговара, бидејќи сте убедени дека хемијата сама по себе е доволна за да опстане вашата врска.

Немојте да претпоставувате

Ова е лекција која, за жал, ја учиме на потешкиот начин. Голем број жени мислат дека мажот со којшто спиеле автоматски станал нивно момче, но во голем број случаи тоа се покажало како неточна претпоставка. Имено, многу мажи пак, сметаат дека секоја жена понекогаш е расположена за забавен секс под чаршафите за една вечер. Затоа, со љубовното созревање жените треба да научат дека само зашто некој маж им се соблекол, не значи и дека е заљубен во нив, а мажите треба да научат да ги прецизираат односите со време – покажување преголем интерес макар и само за секс, жените честопати го поистоветуваат со романтика.

Немојте да зборувате за бившите партнери

Ова е грешка која честопати ја правиме, бидејќи сакаме да бидеме отворени и искрени со новиот партнер/ка. Никој којшто е во нова врска, не сака да слуша за тоа каков бил вашиот бивши партнер и поради која причина сте раскинале, а особено не го интересираат проблемите кои сте ги имале. Тоа не значи дека ако сте во нова врска, треба да се преправате дека тоа ви е прв партнер во животот и да глумите неискусни, но ако сакате да спомнете некоја љубовна ситуација од вашето минато, правете го тоа умерено.

Верувајте ѝ на вашата интуиција

На почетокот од врските, на секој од нас му се пали едно мало црвено светло доколку ни изгледа како нешто да не е во ред со изборот на тој партнер, но поголемиот број луѓе решаваат да го игнорираат, особено во дваесеттите години од животот. Не велиме дека треба да го одбивате секој потенцијален партнер кој има мана, бидејќи никој не е совршен, но доколку од самиот старт нешто не ви штима во целиот однос, голема е веројатноста дека на крај ќе испадне дека сте биле во право. Верувајте ѝ на вашата интуиција доколку почувствувате дека некој не е добар за вас, но верувајте во себе и кога ќе ви се допадне личност, за која обично би велеле дека не е ваш тип.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар