Љубовна врска од соништата: 7 видови парови кои никогаш нема да раскинат!

Љубовна врска од соништата: 7 видови парови кои никогаш нема да раскинат!

Ако упорно избирате ист тип момче, на пример, уметник и боем, можеби е крајно време да размислите за динамиката во врската и што би се случило ако ја испробате среќата со малку поинаков карактер. Ако вие сте практичар, тогаш уметникот совршено би ви одговарал, но ако се сметате за интелектуалец, тогаш би требало да побарате емотивец. Погледнете ги и останатите комбинации на карактери што секогаш успеваат во врските!

1-ljubovna-vrska-kako-od-sonishtata-7-parovi-koi-nikogash-nema-da-raskinat-www.kafepauza.mk_

1. Практичар и уметник

Сигурно сте гледале филмови или сте читале книги за големите креативци како што се Валентино, Ив Сен Лорен, Кафка, Хемигвеј и можете да претпоставите како би функционирал односот со нив. Уметниците се со главата во облаците, растресени, восхитени, неспособни да размислуваат за обични работи, и голема е веројатноста дека ќе заборават нешто и ќе му префрлат на својот партнер, кој цврсто стои на земја, дека не мислел на сѐ, односно на заморните ситници како што се ручекот, вечерата, термините, сметките, договорите… А кога ќе дојдат дома, не сакаат уште еден натпревар на темата кој е поуспешен на уметничкото поле, туку разбирање и по можност восхитување. „Аааа! Прекрасно, драга! Брависимо!“

2. Интелектуалец и емотивец

Не се работи за тоа едната страна да рони солзи кога ќе се спомне романтиката, а другата да биде ладна како мраз, туку за тоа дека тие одлично се надополнуваат. Тој, на пример, може да биде ИТ експерт или природен лумен за броеви кој нема поим како да напише пристоен имејл или СМС порака, додека таа – професорка, шивачка или воспитувачка – одлична е со зборови во светот на чувствата и изразувањето на емпатија. Уште една врска на интерес која функционира по системот рак и морски актинии, и ја докажува теоријата дека за динамика во врската многу подобро се совпаѓаат разликите, отколку сличностите.

3. Обожавател и обожуван

Уште и стариот Хегел тврдел дека во секоја врска, а посебно во љубовната, кога-тогаш доаѓа до нерамнотежа во стилот, односно дека едниот партнер е господар, а другиот роб – секако не во буквална смисла… Можеби е тешко за верување, но според експертите на ова поле, двата партнери во врската никогаш не сакаат со ист интензитет, секогаш едниот е почувствителен, „позагреан“ и тоа повеќе го покажува, додека другиот ужива во изливите на љубов и внимание. Овој вид врска ја докажува и теоријата дека односот помеѓу богатото момче кое сака на својата девојка да ѝ купува скапоцени подароци и тоа како успева.

3-ljubovna-vrska-kako-od-sonishtata-7-parovi-koi-nikogash-nema-da-raskinat-www.kafepauza.mk_

4. Најдобри пријатели

Веќе ги знаете. Најверојатно се разбрале и ја започнале својата врска уште во гимназија и толку добро се познаваат што веќе еден на друг знаат да си ги завршат речениците и мислите. Имаат заеднички интереси, пријатели, хоби, всушност веќе заборавиле дека освен „ние“ постојат и заменките „јас“, „ти“, „тој“, „таа“… Единствен недостаток на оваа врска е возбудливиот и непредвидлив секс, но тоа всушност и не им недостига, бидејќи никогаш немале бивши за споредба. Но, кој вели дека тоа е пресудно за нивната успешна врска. Некои луѓе едноставно го сакаат чувството што е отпеано во песната на Битлси „Taaaang! I feel home!“

5. Моќен и успешен пар

Веќе сте слушнале безброј такви приказни – тој е успешен актер, сликар, адвокат, а неа ја видел на насловната страна од магазинот каде што ја претставиле како најдобра во својот жанр и си кажал „Таа е измислена за мене!“ Како со тоа да сакаат да го дуплираат својот успех и на светот да им донесат совршена слика. За овој вид врска сонуваат сите јунаци од книгите и филмовите. А најверојатно и историјата е полна со прекрасни девојки кои не останале во врска со момците, па и да се презиваат Клуни, Гослинг или Купер, бидејќи според нивните критериуми се „преслаби“. Иако звучи нарцистички, оваа врска успева сѐ додека нејзините протагонисти не заборават да ја нахранат однатре.

6. Дама/момче во неволја и спасувач

Тој не само што пие, пуши, се забавува до зори, и се презива неодговорност, туку тоа вам ви е ужасно недоволно и сте замислиле дек можете и сакате да го спасите. Само напред! Не е редок случајот ниту девојката да доаѓа од нефункционално семејство и не знае што е среќно детство, па момчето сака сето тоа да ѝ го надополни во неколку години. И таквата врска може да биде успешна, велат експертите, сѐ додека другата страна е благодарна за она што го добива. Или ако не налетате зад аголот на уште некој кој треба да го спасите.

7. Страсна врска

Иако оваа врска звучи како чиста идила, всушност, кога подобро ќе размислите, ќе сфатите дека е лудило. Да, тоа често е голема љубов за која сите пишуваат во романите и снимаат филмови, а каква што ја практикувале Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, Џони Деп и Кејт Мос, Џуд Ло и Сијена Милер, Ријана и Крис Браун, некои дури и со репризи. Иако всушност нејзините актери велат дека ја мразат драмата, вистината е дека по малку уживаат во неа. Често оваа динамика се нарушува кога ќе пристигнат децата, па едната страна сака да се смири, а на другата сето тоа ѝ станува досадно, па одлучува да го подигне сидрото. Но, ако и понатаму оваа врска потрае со подеднаков интензитет, можеме само да кажеме – кој ќе преживее, ќе раскаже!

2-ljubovna-vrska-kako-od-sonishtata-7-parovi-koi-nikogash-nema-da-raskinat-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. LB Reply

    Џабе ви се комбинацииве, ако едниот има его од земја до небо.

Остави коментар