Љубоморни сте што тој гледа во друга жена? Не треба да бидете, а еве и зошто...

Љубоморни сте што тој гледа во друга жена? Не треба да бидете, а еве и зошто…

Без разлика колку жената е привлечна и самоуверена, само еден поглед во правец на друга жена има моќ да предизвика лавина од љубомора кај неа. Иако постојат такви кои ќе го премолчат тоа, голем дел од жените си мислат „Сигурно мисли дека таа е поубава и позгодна од мене“. Но сепак, мажите тврдат дека тоа не е вистина.

Italian man is looking another sexy woman at restaurant

Всушност, мажите гледаат во други жени само затоа што не се слепи. Тоа што се во врска не значи дека ја изгубиле смислата за убавo. И тоа е сѐ.

Иако понекогаш помислуваат дека девојката која ја виделе на поминување е поатрактивна од нивната партнерка, за чудо, тоа на мажите не им е важно. Со самото тоа што ве избрал вас, а не неа, значи дека ви е посветен вам.

Исто така, постои уште едно нешто што, според мажите, жените треба да го знаат – штом погледнат згодна девојка како поминува покрај нив не значи дека ќе фантазираат за неа во следните пет дена. Најчесто тие жени им испаруваат од главата уште откако ќе се разминат – што значи, престанете да се мачите и уживајте во врската затоа што навистина немате причина за нервози.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар