Љубители на чај, загревајте ја водата во микробранова – поздраво е на тој начин!

Ако сте од традиционалните љубители на чај, тогаш сигурно цврсто верувате дека најдобриот и најздравиот начин да го подготвите овој топол пијалак е доколку ја загреете водата во чајник. Но според една неодамнешна студија од австралискиот научник д-р Куан Вуонг, подготовката на чајот во микробрановата печка ослободува многу повеќе хранливи состојки отколку што се случува на шпоретот – разликата е 80% наспроти 60%!

Љубители на чај, загревајте ја водата во микробранова – поздраво е на тој начин!

Дополнително, овие состојки на чајот биле поврзани со голем број здравствени придобивки. Теанинот, аминокиселина, може да го зголеми ослободувањето од стрес, а полифенолите, што се еден вид антиоксиданси, можат да се изборат против знаците на стареење и да помогнат при одржување здраво ниво на шеќер во крвта. Тие помагаат и при одржување здрав крвен притисок. Да не заборавиме и на дополнителното количество кофеин!

Методот на д-р Вуонг е многу едноставен. Во една шолја, сипете топла вода и ставете кесичка чај, а потоа оставете ја да се стопли во микробрановата печка околу 30 секунди на средна јачина. Отстранете го чајот, напијте се голтка и уживајте во наградите!

Чај од шипка: Заборавено задоволство кое ги лечи сите тегоби!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар