Летно освежување од јагоди кое е готово за само 3 минути

За да започнете да живеете здраво и да се спасите од непотребните калории, шеќери и маснотии, денес ви откриваме еден рецепт за сладолед кој можете да го подготвите дома и тоа за само неколку минути. Преполн со овошје, овој сладолед е вкусна и здрава замена, а кога еднаш ќе го пробате повеќе никогаш нема да помислите на сладоледот кој го консумиравте досега.

1-letno-osvezhuvanje-od-jagodi-koe-e-gotovo-za-samo-3-minuti-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:

  • 4 смрзнати банани
  • 350 грама смрзнати јагоди
  • 1/2 чајна лажица екстракт од ванила
  • 2 до 4 лажици млеко од индиско оревче (по ваш вкус, можете да го замените со кое било друго млеко)

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете мазна и кремаста смеса. Подготвениот сладолед префрлете го во сад за сервирање и украсете го со кокос и исечкани јагоди. Вашиот летен сладолед за вистинско освежување е готов.

Секако, секогаш можете да избирате здрави варијанти и десерти, па токму затоа ви предлагаме да ја испробате оваа здрава и вкусна летна ужина.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар