Летно бјути освежување: 5 начини да носите маскара во боја

Како мало освежување во козметичката торбичка, маскарите во боја ќе ви ги истакнат очите и ќе ви дадат нов и свеж изглед. Ако добро ги прилагодите остатокот од шминката, облеката и пригодата, веселите маскари во боја можат да бидат вистинската летна алтернатива на класичната маскара. Еве неколку совети како да ја носите.

1. Нагласете ги само очите

Ако нанесувате маскара во боја, тогаш потрудете се остатокот од шминката да биде неутрален. Значи, за ваквиот изглед заборавете на тушот и сенките за очи. Ова е едноставен начин да изгледате совршено за дневна прошетка или за на плажа.

1-letno-bjuti-osvezhuvanje-5-nachini-kako-da-nosite-maskara-vo-boja-kafepauza.mk

2. Потрудете се тушот и маскарата да бидат во иста боја

Кога веќе сметате дека не можете без туш на очите, а сакате да го пробате овој тренд, тогаш важно е маскарата и тушот да одговараат т.е. да бидат во иста боја. Ова е едноставен начин вашите очи да блеснат во монохроматско издание.

2-letno-bjuti-osvezhuvanje-5-nachini-kako-da-nosite-maskara-vo-boja-kafepauza.mk

3. Обоена маскара во комбинација со металик сенка

Без разлика дали е сребрена или златна, металик сенката во комбинација со маскара во боја е одлична комбинација за топлите летни ноќи. Благодарение на овој изглед, вашите очи ќе изгледаат многу поголеми и поотворени.

3-letno-bjuti-osvezhuvanje-5-nachini-kako-da-nosite-maskara-vo-boja-kafepauza.mk

4. Очите и маскарата нека ви бидат во слични бои

Во случај бојата на маскарата и бојата на очите да бидат контрастни и да сметате дека изгледате чудно, тогаш останете во истиот дијапазон на бои. За оние со кафеави и зелени очи најдобри се земјените тонови, а на синооките најубаво им прилегаат маскари кои во себе ја содржат сината боја – индиго или виолетова.

4-5-letno-bjuti-osvezhuvanje-5-nachini-kako-da-nosite-maskara-vo-boja-kafepauza.mk

5. Поиграјте си со очите и усните

Летото е одличен период за експерименти. Одлична идеја за летен експеримент е да пробате комбинација на нагласени очи и усни во силни бои. Затоа отфрлете ги старите правила за убавина и заблескајте со полн сјај во боите на летото.

5-letno-bjuti-osvezhuvanje-5-nachini-kako-da-nosite-maskara-vo-boja-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар