Летни пијалаци за рамен стомак

Летни пијалаци за рамен стомак

Летните неиздржливи горештини се период кога особено мораме да внимаваме дали пиеме доволно течности. Сепак покрај тоа што тие треба да не освежат, треба да се внимава да немаат голем број на калории. Токму затоа слатките лимонади, тетрапак соковите и овошните коктели не се правиот избор. Ова се пет прелога за пијалаци кои ќе можете да ги пиете без грижа, бидејќи не предизвикуваат надуеност и помагаат да ги загубите килограмите.

Домашна вода со вкус

Обичната вода помага да слабеете бидејќи го прочистува организмот, спречува задржување на течностите кое предизвикува надуеност и го задржува чувството на ситост. Доколку не ви одговара вкусот на обичната вода, во неа исечкајте неколку резанки свежа краставица, лимон, портокал или зелен лимон.

Летни пијалаци за рамен стомак

Фрапе од лубеница или ананас

Лубеницата е нискокалорично овошје кое е одлична состојка за здрав шејк. Содржи голема количина вода, ликопен (природен заштитник од рак) и аминокиселина Аргинин која ја смалува телесната маст и ја зголемува мускулната маса. Ананасот содржи ензим кој го подобрува варењето на храната, топењето на мастите и ја спречува надуеноста.

Летни пијалаци за рамен стомак

Леден чај од нане и зелен чај

Во жешките денови, ледениот чај е идеален пијалак. Нането помага во согорувањето на мастите и ја спречува надуеноста на стомакот. Зелениот чај помага во согорувањето на масните наслаги, посебно кога се пие пред вежбање, а богат е со антиоксиданси кои помагаат за смалување на салото од стомакот.

Летни пијалаци за рамен стомак

Фрапе од црно чоколадо

Црното чоколадо помага во слабеењето бидејќи го намалува апетитот и го задржува чувството на ситост. Со оглед на тоа што овој пијалак содржи доволно калории, идеален е за појадок.

Летни пијалаци за рамен стомак

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Сара Reply

    Се вака убаво сте напишале ама барем и рецепти да имаше.

    • Симона Reply

      2 литри вода
      6 филтер ќесички зелен чај
      2 филтер ќесички нане (или уште подобро ако имате сушено домашно)
      3 лимони
      5 лажици шеќер
      3 лажици мед
      за декорација коцки мраз, ливчиња свежо нане ако имате, или кришки лимон

      Водата ја ставате во тенџере, го додавате шеќерот, ако употребувате сушено нане место филтер и него го ставате сега и малку кора од лимон (ако ставите повеќе ќе горчи). Ова се загрева додека не почне да врие. Го тргате настрана тенчерето и ги додавате филтер ќесичките да отстојат не повеќе од 2 минути. Потоа ги вадите ќесичките и кога температурата на течноста ќе дојде негде под 50 степени го додавате исцедениот сок од лимоните и медот. Може да ставите и повеќе мед ако не ви е доволно благо. Оставете го чајот да се лади на собна температура. Потоа го процедувате и го ставате во флаша па во фрижидер. Се служи со коцки лед, кришки лимон или свежо нане.

Напиши одговор на Сара Откажи одговор