Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат

Секоја девојка се труди да биде секси и да остави некаков впечаток, особено ако има посебна личност од чија страна треба да биде забележана. Ова се неколку летни парчиња облека и комбинации, кои мажите ги сметаат за секси. Мини здолништа, тесни фармерки, но и спортски и лежерен изглед често знае да им ја разбуди фантазијата, особено во лето.

Ританки

Делуваат природно, опуштено и оставаат впечаток дека не сте се труделе премногу околу својот изглед. Мажите го сакаат тоа.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат

Мини здолништа

Тие се слатки и секси, плус ги нагласуваат струкот и задникот… кое машко не го сака тоа?Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатЛетни парчиња облека кои мажите ги сакаат

Тесни фармерки

Тесните фармерки најдобро ги нагласуваат облините на женското тело. Делуваат спортски и лежерно, а со соодветни потпетици, одговараат на повеќе различни пригоди. Тесните фармерки се само уште еден доказ дека не мора да биде разголено за да биде секси.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат

Горен дел без прерамки

Се гледаат рамениците и дел од грбот, затоа ваквиот изглед мами воздишки.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат

Рамни обувки

Слатки се и женствени. Покажуваат дека личноста која ги носи е слободна, полна со самодоверба и не е опседната со својот изглед.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат

Летни фустанчиња

Секси, лежерно, лелеаво… летно! Буди фантазија кај мажите.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатЛетни парчиња облека кои мажите ги сакаат

Кратки шорцеви и обувки на висока плута

Кратките шорцеви во комбинација со сандали на висока плута, се одличен летен, кежуал избор. Момците ја сакаат оваа комбинација, бидејќи сандалите на висока плута, ненападно ги истакнуваат женските нозе, а кратките шорцеви ги нагласуваат колковите.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар