Летна фризура која ги освои познатите личности

Летна фризура која ги освои познатите личности

Не станува збор за боксерските плетенки кои се вистински тренд во моментов, туку за две мали пунџички на врвот на главата кои се идеални за топлите летни денови. Оваа фризура ги освои познатите дами, а нема сомнеж дека ќе стане и вашата омилена за време на летниот период.

Овие пунџички на главата се прават многу едноставно, исто како и нормалните пунџи, само што ќе треба да ја разделите косата и да замотате два прамена на двете страни. Оваа фризура можеби нема да можете да ја носите за на работа, но сигурно ќе ја носите за време на попладневната прошетка, викендот или во други лежерни прилики.

Летна фризура која ги освои познатите личности

Ѕвездата од реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“, Клои Кардашијан, покажува како можете да ги носите пунџичките, така што ќе ги замотате само горните прамени, а можете да ја носите и на тој начин што ќе ги замотате целосно и левата и десната страна од поделената коса. Со оглед на тоа што ѕвезди како Аријана Гранде и Зендаја ја обожаваат оваа фризура, нема сомнеж дека овој тренд ќе биде многу застапен кај младата женска популација.

Навистина е многу едноставно да ја направите оваа фризура, па нема зошто да не пробате сами дома и доколку ви се допадне овој многу симпатичен тренд, да го покажете кога ќе излегувате со пријателките или со вашиот партнер.

Еве неколку упатства како се прави оваа фризура…

Прво врзете ја косата во две опавчиња како Пипи Долгиот Чорап

Фризурата која ги освои познатите личности ќе ја обожавате лето

Потоа добро истапирајте ги опавчињата

Фризурата која ги освои познатите личности ќе ја обожавате лето

На крај едноставно замотајте ја косата во две пунџи кои ќе ги прицврстите со метални шноли

Фризурата која ги освои познатите личности ќе ја обожавате лето

Погледнете го следново видео за подетални упатства:


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар