Лесен трик со кој никогаш повеќе нема да ги заборавате имињата на луѓето

Автор: Маја Линкова

Луѓето сакаат да бидат запомнети. Доколку долго време разговарате со некој, а подоцна го заборавите неговото име, тој многу ќе се навреди. Еве еден трик како во иднина никогаш да не ги заборавате имињата на луѓето.

0-lesen-trik-so-koj-nikogash-povekje-nema-da-gi-zaboravate-iminjata-na-lugjeto-kafepauza.mk

Додека вашето име е значајно, посебно за вас, за другите луѓе е само еден збор кој треба да биде запомнет заедно со многу други зборови. Не е изненадувачки фактот дека на повеќето од нив не им смета да го запомнат.

Важно е да се запомни дека нашата меморија функционира преку конотации. Да се сеќавате само на името на еден човек е тешко. Но доколку неговото име го поврзете со нешто друго, помнењето на тоа име би било полесно. Ова е причината зошто не ви е проблем да запомнете име кое е исто со името на вашиот татко.

lesen-trik-so-koj-nikogash-povekje-nema-da-gi-zaboravate-iminjata-na-lugjeto-kafepauza.mk

Трик: Кога се запознавате со некоја нова личноста, пробајте да насликате ментална слика во вашата глава која директно се поврзува со името. Кога замислувате, пробајте да бидете специфични и „жигосајте“ ја таа слика длабоко во вашата потсвест. Обидете се да ги запомните деталите колку што можете повеќе. Направете приказна околу името и појавата на личноста. На тој начин ќе биде полесно да го запомнете името.

На пример ако некој се вика Славе, замислете си како славеј лета и пее околу него и на крајот му слетува на главата. Ако запознаете Моника, направете на пример забавна рима Мони-бонбони и ставете ја Моника во контекст со еден куп M&M’s. Обојте го Бојан во одредена боја, за Весна можете да си испеете некоја заразна песна во главата, додека за Александар е лесно – замислете си го качен наместо Воинот на коњ. :)

Притоа имајте предвид дека колку подобра имагинација имате, толку трикот подобро ќе функционира. Сѐ додека ситуацијата која ја замислувате е апсурдна и нетипична, ќе биде многу тешко да го заборавите името врежано во вашата глава.

Штом ја усовршите техниката, тоа ќе ви помогне да помните и разни други детали од секојдневниот живот.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар