Лекции кои треба да ги научиме пред да дипломираме

Образованието кое го добиваме воопшто не нè подготвува за предизвиците кои нè чекаат. Наместо во текот на студирањето да нè убедуваат дека се ќе биде во ред откако ќе ја земеме дипломата и дека брзо ќе се снајдеме во својата работа, добро би било за промена да почнат да нè подготвуваат за реалниот живот.

Лекции кои треба да ги научиме пред да дипломираме

„Научете“ ги овие лекции кои секој од вас мора да ги знае пред да дипломира…

1. Сите ние се бориме за најдоброто образование. Но, каде се наоѓа тоа? Најдоброто образование не е она кое ви овозможува добро да заработувате, туку она кое ви го отвора патот кон слободата, ви овозможува да се изградите во уникатна личност и на долг пат ве води кон исполнет живот.

2. Постојано барајте совети, но само од оние луѓе на кои се угледувате. Или пак, едноставно барајте совети од најголемите литературни и филозофски дела. Шекспир и Платон биле многу помудри од сите луѓе кои досега сте ги сретнале во вашиот живот.

3. Од друга страна, не делете совети доколку никој не ве прашува.

4. Продолжете да поставувате „смешни“ прашања. Луѓето можеби ќе ве гледаат чудно, но вие барем сте се сетиле да прашате.

5. Бидете многу отворени кон вашите чувства и кон интуицијата. Тие несвесно пробуваат да ви покажат нешто. И скоро секогаш се во право.

6. Не бидете завидливи. Секогаш кога ќе наидете на некој кој е подобар или поуспешен од вас, можете да реагирате на два начина – завидливо или ривалски. Завидливоста е болката која ја чувствувате бидејќи другите имаат добри нешта, а ривалството е болката која ја чувствувате бидејќи вие самите ги немате. Ова е суптилна, но клучна разлика. За разлика од завидливоста, која е бескорисна во најдобар случај и себепоразувачка во најлош, ривалството е добро бидејќи нè тера да преземаме чекори за да ја постигнеме својата цел.

7. Останете пријатели со луѓето кои ве влечат нагоре, а не со оние кои ќе ве буткаат надолу. Подобро е да ве учат отколку вие да учите други. Со тек на време, станувате исти како и вашите пријатели.

8. Никогаш не започнувајте врска само затоа што се чувствувате осамено, несигурно, зашто ви е досадно или пак, зашто опшетеството го очекува тоа од вас. Во вакви ситуации нештата знаат да тргнат на многу лошо.

9. Истото правило важи и за одлуката да имате деца.

10. Не очекувајте да најдете совршена љубов, совршена доблест или совршена мудрост во овој свет. Овие нешта едноставно не постојат во своите идеализирани форми или барем надвор од нашата имагинација.

11. Доколку имате избор помеѓу смеење или плачење, одлучете се за смеење. А ако не можете, станете филозоф. :)

12. Сите погоре наведени совети си бараат одреден степен на самодоверба. Пробајте да ја развивате, а потоа таа самата ќе ви премине во навика. И секако, самодовербата е многу привлечна особина.

13. Најважното правило е: никогаш не плашете се. Или барем погрижете се да изгледа како да не се плашите. Стравот е магнет за лоша среќа.

14. Ако нешто не сакате, поголеми се шансите тоа да го добиете. Уште поважно, кога нешто навистина сакате, бидете сигурни дека тоа ви е важно. Запомнете богати сме заради она што го имаме, но и заради она што го немаме.

15. Не лутете се. Исто како и стравот, лутината може да ви донесе повеќе зло отколку добро.

16. Човекот истовремено е и производ и жртва на светот во кој живее. Тој постојано одбира да ги поднесува оние нешта кои одлучил да ги прави. Доволно е да бидете свесни за ова и веднаш ќе се чувствувате послободно, а со еден слободен чекор можете да си го промените текот на целиот живот.

17. Пронајдете го она нешто што навистина сакате да го работите и започнете да го работите, без разлика што другите мислат. На тој начин нема да се чувствувате како да работите и поголеми се шансите дека ќе бидете одлични во својата работа.

18. Доколку имате избор, гледајте да не работите за други луѓе или пак уште полошо, за безлични компании. Тоа психолошки воопшто не е здраво за вас. Исто така е и игра во која никогаш нема да можете да победите.

19. Размислувајте долгорочно и имајте многу трпение. Основната разлика помеѓу успешниот и неуспешниот човек е тоа што успешниот направил план и успеал да го спроведе докрај.

20. Кога ќе постигнете успех или ќе ја пронајдете среќата, не очекувајте дека некој ќе биде среќен за вас. Всушност, многу луѓе ќе ве презираат, понекогаш дури и пријателите и роднините. Немојте да се нервирате, само прифатете го тоа и продолжете понатаму.

21. Освен ако вашата работа не е и ваша страст, работете за да можете да живеете, а не обратно. Поминувајте барем половина од будните часови во откривање на светот околу вас. Никогаш не заборавајте дека нашата свесност и можноста да го доживуваме сè она што е околу нас е нашиот најголем подарок.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар