Ледено освежување за топлите летни денови

Одлични рецепти за алкохолен сладолед на стапче со кои можете да ги изненадите вашите пријатели на наредната домашна забава.

Пинаколада

Ледено освежување за топлите летни денови

Потребни состојки:
  • свеж ананас, излупен и исечкан на коцки
  • 180 милилитри џус од ананас
  • 450 милилитри кокосов крем
  • 180 милилитри рум
Начин на подготовка:

Во два наврати, измешајте ги во блендер свежиот ананас и џусот од ананас сè додека не добиете мазна мешавина. Потоа сипете ги во поголем сад и додадете ги останатите состојки. Претурете ги во калапи и сместете ги во замрзнувачот.

Кафе и Калуа

Ледено освежување за топлите летни денови

Потребни состојки:
  • 470 милилитри свежо подготвено еспресо
  • 80 милилитри чоколаден сируп
  • 6 големи лажици шеќер
  • ¼ лажичка цимет
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 60 милилитри шлаг пена
  • 3 големи лажици Калуа
Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки одеднаш во блендер. Потоа сипете ја мешавината во калапи и замрзнете ги.

Замрзнат Скрудрајвер со вкус на мандарини

Ледено освежување за топлите летни денови

Потребни состојки:
  • 700 милилитри свеж џус од портокал
  • 60 милилитри вотка со вкус на мандарини
  • ¼ портокал, исечкан
Начин на подготовка:

Измешајте го џусот со вотката во блендер. Поставете по едно парче портокал на дното на секој капал и врз него додадете ја мешавината. Замрзнете.

Маргарита

Ледено освежување за топлите летни денови

Потребни состојки:
  • 50 грама шеќер
  • 230 милилитри вода
  • 230 милилитри свежо исцеден сок од зелен лимон
  • 60 милилитри текила
  • 60 милилитри ликер од портокал
Начин на подготовка:

Грејте ја водата со шеќерот сè додека тој не се стопи целосно и оставете ја смесата да се олади. Потоа додадете ги останатите состојки и мешајте темелно. Претурете во калапи и замрзнете ги.

Мохито

Ледено освежување за топлите летни денови

Потребни состојки:
  • 12 ливчиња нане
  • 2 зелени лимони
  • 90-150 милилитри рум (по ваш избор)
  • 7-10 лажици сируп за засладување (по ваш избор)
  • 470 милилитри газирана вода
Начин на подготовка:

Со рачката од дрвена лажица истолчете го нането. Исцедете ги зелените лимони и додајте го сокот во садот заедно со нането. Потоа додајте ги румот и сирупот. Сипете ја и газираната вода и потоа мешајте. Откако ќе завршите претурете ја мешавината во калапи и замрзнете ја.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар