Леден чај Арнолд Палмер

Крстен според голферот Арнолд Палмер, овој леден чај богат со лимонов сок е извонредно освежување после физички активности во топлите деновиЛеден чај Арнолд Палмер

Потребни состојки:

  • 0,5 литри зовриена вода
  • 100 мл цеден сок од лимон
  • 300 мл студена вода
  • 2 вреќички зелен чај
  • 1 вреќичка црн чај
  • 4 кафени лажички мед

Начин на подготовка: Во садот со зовриена вода ставете ги вреќичките чај и медот. Откако ќе отстојат неколку минути, ставете ја содржината во фрижидер. Откако добро ќе се излади, сипете го чајот врз мешавината од студената вода и цедениот лимон  и послужете.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар