Лајт чизкејк – торта од јогурт со јагоди

Лајт чизкејк – торта од јогурт со јагоди

Лесна и освежителна, сочна и вкусна, и што е најважно, едноставна за подготовка

lajt-chizkejk-torta-od-jogurt-so-jagodi-kafepauza.mk

Потребни состојки за подлогата:
  • 125 г растопен путер
  • 250 г бисквити
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • ½ лажичка цимет
За кремот:
  • 3 стандардни пакувања густ јогурт или кисело млеко (x180 грама)
  • 120 г шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 ливчиња желатин
  • 2 мали слатки павлаки (4 дл)
  • 1 конзерва компот од јагоди или шумско овошје
Начин на подготовка:
  1. Бисквитите сомелете ги и помешајте ги со кафеавиот шеќер и циметот и потоа додадете го стопениот путер.
  2. Смесата втиснете ја во калап и кратко печете во рерна (3-5 минути на 200 степени).
  3. Во два и пол јогурта измешајте го шеќерот во прав и измиксајте.
  4. Желатинот растворете го во ладна вода според упатството. Во тенџере загрејте ја преостанатата количина јогурт, додајте го во неа желатинот и тргнете го тенџерето од оган. Кратко мешајте додека желатинот не се растопи и потоа таа мешавина додадете ја на остатокот од кремот и сѐ измиксајте.
  5. Изматете ја слатката павлака и потоа додајте го кремот и сѐ заедно добро измешајте.
  6. На бисквитите наредете го овошјето, прелијте го со кремот и ставете го во фрижидер за длабоко да отстои преку ноќ.
Совети:
  • Наместо компот можете да користите и смрзнато или свежо овошје. На тавче загрејте малку масло, додадете го овошјето, малку кафеав шеќер и сето тоа кратко пропржете го додека овошјето малку не се опушти, па потоа прелијте го врз подлогата.
  • Наместо цимет, во тестото можете да ставете рендана кора од лимон и малку сок од лимон.
  • Овошјето може да се сервира и настрана, наместо да се стави врз подлогата на тортата.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар