Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?

Куклите во бутиците постојат од далечната 1800-та година, кога во текот на индустриската револуција, биле направени излози на бутиците, за да се прикажат последните модни трендови во тој период. Но, се чини модата на изложените кукли, никогаш не се сменила.

Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?

Излог во продавницата H&M во Шведска

Синџирот продавници H&M кој има околу 2.800 продавници ширум светот, можеби ќе го промени начинот на којшто ја доживуваме облеката на излозите, облечена на супер слабите манекенки. Шведскиот H&M воодушеви со своите нови кукли, кои се пополни и конечно покажуваат како изгледа просечното тело на обичната жена во 21 век. Тие инсталирале реалистично обликувани пластични манекенки во нивната продавница, за да им покажат на нивните муштерии, како навистина облеката ќе изгледа на нив, откако ќе ја откачат од закачалките и ќе ја облечат на себе. Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Овие модели имаат за цел да му дадат реализам на шопинг-искуството, нешто коешто одамна требаше да се случи. Она што ги прави овие кукли реалистични се нивните меки стомаци, пополни бутови, бојата на кожата, фризурата на периките и генерално, пореални пропорции од оние на традиционалните кукли, во коишто сме навикнати да зјапаме по излозите. Во продавницата има разни модели: со мали бутови, голем задник, па дури и со големи гради.Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Со години наназад, продавниците ширум светот им даваа голем акцент на нивните излози, со цел да ги натераат купувачите да влезат внатре, а куклите коишто ги користат се број 38. Но, по сѐ изгледа полничките познати лица како пејачката Адел и актерката Кристина Хендрикс, како и враќањето на модата од 50-тите и 60-тите, помагаат облините повторно да бидат „ин“ и секси. Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Кај производителот на кукли „Displaysense“ нарачките за пластични манекенки со броеви 42 и 44, се зголемиле за 16%, бидејќи бутиците почнале да се ослободуваат од оние со „број нула“ и почнале да ги фаворизираат облините.


Претставник од компанија изјавил: „Облините се повторно ин, и ќе останат да бидат во текот на оваа сезона пролет/лето. Најбитна работа во бизнисот, е да им останете релевантни на вашите потрошувачи, а нашите нарачки покажуваат дека покрупните и понадарените манекенки, како и пошироки закачалки за потешките алишта и други изложбени производи за плус-големини, се несомнено во пораст.“

Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Останува само да се надеваме дека свеста за нереалните пропорции на куклите во бутиците, ќе зачука и на вратите во бутиците, ширум нашава држава.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар