Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

За вашиот дом да свети, потребно е многу труд и работа. Но, целиот тој труд и работа може да ви помогне да имате подобра фигура и да бидете во одлична форма. Бројот на калории кои се трошат за време на чистење со правосмукалка, миење садови или бришење прозори, ќе ве натераат секоја недела да правите генералка по дома.

Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

Чистење на купатилото

За полчасовно чистење на кадата можете да потрошите 200 калории. Кога на ова ќе ги додадете калориите потрошени за чистење на останатите елементи во купатилото, се добива една одлична бројка.

Чистење на подовите

Со едночасовно чистењето со правосмукалка се согоруваат 180 калории, додека едночасовното чистење со џогер согорува 280 калории.

Готвење

Да, да, добро читате. И со самото приготвување на храната се трошат калории. За едночасовно вртење низ кујната се трошат 150 калории.

Местење кревет

Секое утро, задолжително местете си го креветот, бидејќи со тоа трошите околу 130 калории.

Бришење прозори и огледала

Со полчасовно чистење на прозорите во куќата се трошат 125 калории.

Собирање и фрлање ѓубре

За еден час собирање ѓубре од дворот или од куќата ќе потрошите 105 калории. Сигурно нема да имате прилика еден час да собирате ѓубре по дома, но на неделно ниво е сосема доволно.

Миење садови

Со полчасовно миење садови ќе потрошите 125 калории. Ова е одлична причина зошто оваа активност да ја извршувате со мерак.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар