Кучето е најдобар пријател на човекот: 7 причини зошто треба да вдомите постар пес

Кучето е најдобар пријател на човекот: 7 причини зошто треба да вдомите постар пес

Кученцата се најбарани кога станува збор за вдомувањето кучиња. Но, загледајте се во очите на постар пес и ќе видите колку љубов се крие во нив, па ќе ви стане јасно дека и на постарите кучиња им треба дом, исто колку и на младите. Ноември е месец на вдомување постари кучиња, односно кучиња постари од 7 години – што е совршена прилика да се потсетите зошто на вашиот дом му недостига барем еден благодарен „старец“.

0-kucheto-e-najdobar-prijatel-na-chovekot-7-prichini-zoshto-treba-da-vdomite-postaro-kuche-kafepauza.mk

1. На постарите кучиња во шинтерниците им е потребен дом исто колку и на младите

Многу од старите кучиња некогаш имале сопственици и биле сакани. Поради некоја причина, биле напуштени и завршиле во шинтерница. Исто како кутрињата, и постарите кучиња се лојални домашни миленичиња преполни со љубов.

2. Ако вдомите постаро куче можеби ќе му го спасите животот

Шинтерниците се полни со стари кучиња и за жал, тие први ќе бидат еутанизирани ако не се вдомат во одреден рок. Ако вдомите постаро куче не само што ќе му пружите убав живот, туку може и да го спасите од еутаназија.

2-kucheto-e-najdobar-prijatel-na-chovekot-7-prichini-zoshto-treba-da-vdomite-postar-pes-kafepauza.mk

3. Старите кучиња не се проблематични (како што многумина мислат)

Тие остануваат без нивниот дом од разни причини кои вообичаено немаат врска со нивното однесување или темперамент, туку повеќе со тоа дека сопствениците не можеле да ги задржат поради алергии, смрт на оној што ги чувал, раѓање бебе, губење на работата, преселување, промена на работниот распоред или други животни промени.

4. Постарите кучиња вообичаено се тренирани и ги разбираат барем основните заповеди

Поголемиот дел од старите кучиња знаат каде се врши нужда и ги слушаат основните наредби: „седни“, „стани“, „дојди“ и „долу“. Ако вдомите постаро куче ќе заштедите многу време и енергија кои инаку би ги вложувале во тренирање на мало кученце.

5. Постарите кучиња можат да научат нови трикови

Кучињата можат да се тренираат во секој период, а старите кучиња се еднакво паметни како и помладите. Дури „старците“ и повеќе внимаваат, па затоа е полесно да ги тренирате.

1-kucheto-e-najdobar-prijatel-na-chovekot-7-prichini-zoshto-treba-da-vdomite-postaro-kuche-kafepauza.mk

6. Постарите кучиња се помирни и помалку енергични од помладите

Сениорите веќе имаат формирано однесување и темперамент поради што веднаш ќе знаете како ќе се вклопат во вашиот дом. Со оглед на тоа дека веќе ги имаат сите заби, немаат потреба да гризат предмети – како што е случајот кај кученцата. Многу кучиња „во години“ одлично се сложуваат со децата затоа што се помалку енергични, а и постои веројатност дека претходно живееле со деца.

7. Постарите кучиња се одлични следбеници

За разлика од кученцата кои треба да се научат на ременот, постарото куче веднаш може да ве следи во шетање и со нив веќе може да си играте „фати – донеси“. Постарото домашно милениче ќе ви биде совршен пријател во рекреативните спортови и верен пријател кој на крајот од денот ќе се завие покрај вас и ќе ви ја разубави вечерта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар