Крвавата Мери

„Bloody Mary“ (Крвавата Мери) е многу популарен коктел чии главни ѕвезди се вотка и џус од домати.  Се гарнира со стапчиња целер, а коктелот се зачинува со сол, бибер, табаско сос, маслинки, мелен црвен пипер и други зачини по желба. Овој коктел е одлично „извинување“ за да пиете и јадете во исто време, и тоа, што ви сака душата.Крвавата Мери

Потребни состојки за 1 коктел:

  • 30 мл вотка
  • 90 мл џус од домати
  • 2 лажички табаско сос
  • 1 лажичка ворчестер сос
  • 10 мл сок од лимон
  • 1 прстофат сол
  • 1 прстофат бибер
  • 1 страк целер
  • коцки мраз

Подготовка: Во голем бокал ставете ги вотката, џусот од домати и останатите зачини (освен целерот). Со жица за матење промешајте ја течноста. Коктелот претурете го во висока и длабока стаклена чаша. Ставете неколку коцки мраз. Во коктелот ставете едно стапче целер.Крвавата МериЗабелешка: Ако сакате да направите гарнинир за коктелот како на сликата: На чепкалка набодете две парчиња кулен, една коцка кашкавал, пак едно парче кулен, уште една коцка кашкавал и на крај завршете со уште две парчиња кулен.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар