Креативни начини на кои можете да ја поканите вашата симпатија на состанок

Веќе подолго време ви се допаѓа одредена личност и се прашувате како да ѝ пристапите? Погледнете ги следниве 12 креативни начини на кои можете да оставите силен и позитивен впечаток и со сигурност да го извлечете потребното „да“ од неговите/нејзините усни за вашиот прв љубовен состанок.

Креативни начини на кои можете да ја поканите вашата симпатија на состанок

1. Напишете лажен хороскоп

Напишете лажен хороскоп за да ја поттикнете вашата симпатија да се согласи за романтична средба и оставете го некаде каде што оваа личност со сигурност ќе го најде. Потоа пристапете му/ѝ со поканата и надевајте се дека тој/таа ќе го цени вашиот труд.

2. Направете веб-сајт

Можете да ги ставите сите вашите креативни таленти (музика, цртање, пишување, фотографирање…) на еден веб-сајт. Но, чувајте го сајтот приватен и овозможете ѝ пристап само на вашата симпатија. Или пак, доколку мислите дека ви е потребна поддршка, направете го јавен и додадете анкета каде што ги прашувате луѓето дали тој/таа треба да се согласи да излезе со вас на состанок.

3. Составете плејлиста

Без разлика дали ќе се вратите во минатото и ќе направите касета или MP3 плејлиста, ова е секогаш одличен начин за да го привлечете вниманието на вашата симпатија. Откријте кои песни тој/таа ги слуша и потоа наредете ги така што ќе добиете истовремено и забава, но и романса.

4. Мече кое зборува

Се чувствувате срамежливо? Снимете се себеси како го/ја поканувате на состанок и поставете ја снимката во плишано мече кое ќе ја пренесе за вас.

5. Порака во балон

Ова е еден од најкреативните начини на кој можете да го привлечете вниманието на вашата симпатија. Напишете порака, поставете ја во балон со хелиум и во најдобар случај, тој/таа може да ви каже „да“ со висок тон во гласот предизвикан од гасот.

6. Напишете песна

Мал број нешта можат да ги искажат вашите чувства подобро од љубовна песна. Токму затоа потрудете се да составите една искрена песна која ќе ја убеди вашата симпатија да ви даде шанса.

7. Напишете кратка приказна

Напишете кратка приказна која ги искажува вашите чувства. Нека не биде премногу интензивна, но дозволете му/ѝ да открие дека сте заинтересирани. Завршете ја приказната со прашањето: „Дали ќе излезеш со мене за да ја продолжиме заедно приказната?“

8. Улична уметност

Тротоарот е вашето платно. Вратете ја назад забавата од детството така што ќе ја поканите вашата симпатија со помош на уметност на тротоарот.

9. Составете загатка

Поставете ѝ загатка на вашата симпатија и понудете се да ја решавате заедно. Кога ќе завршите, решението нека биде „Дали сакаш да излезеш со мене?“ Исто така може да вклучува срца и други слатки слики. Тоа ќе создаде забавна и романтична атмосфера која сигурно ќе доведе до ДА!

10. Колаче со порака

Испратете ѝ на вашата симпатија колаче со порака кое содржи покана за состанок. Ова секогаш успева!

11. Употребете куче

Зошто вие да ја поканите вашата симпатија на состанок кога тоа може да го стори и преслатко кутре за вас? Заврзете знак или порака околу неговото вратче и вашата симпатија треба да биде луда за да каже „не“.

12. Писмо

Зарем има подобар начин да освоите нечие срце од рачно напишано писмо кое ќе го испратите преку пошта? Ова секогаш успевало во минатото, па не гледаме причина зошто не би успеало денес…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар