Креативни комплименти што секоја жена сака да ги чуе (немаат никаква врска со физичкиот изглед!)

Креативни комплименти што секоја жена сака да ги чуе (немаат никаква врска со физичкиот изглед!)

Жените најчесто добиваат комплименти за нивниот физички изглед. Тука нема ништо лошо, бидејќи секоја жена сака да чуе дека е убава и привлечна. Но, проблемот настанува кога изгледот е единственото нешто што се забележува кај припадничките на понежниот пол. Поради тоа, многу жени се чувствуваат како предмети без карактер и без свое мислење.

Креативни комплименти што секоја жена сака да ги чуе (немаат никаква врска со физичкиот изглед!)

Жените се многу повеќе од украс. Тие се силни, трудољубиви и храбри. Уште од рана возраст на жените им се наметнува мислењето дека треба постојано да изгледаат совршено и убаво за да им се допаднат на мажите. Иако нема ништо погрешно во тоа да го пофалите женскиот изглед, добро е понекогаш да дадете комплимент и за нивната личност и карактер. Ова се неколкуте креативни комплимент што секоја жена би сакала да ги чуе, а немаат никаква врска со физичкиот изглед…

„Твојата насмевка е толку прекрасна што и мене ми предизвикува радост“

Сите ги сакаат луѓето кои се постојано насмеани. Смеата е заразна, особено ако е искрена. Овој комплимент е совршен од повеќе причини. Жените сакаат кога ќе успеат да насмеат некого, бидејќи за нив честопати се вели дека немаат толку добра смисла за хумор колку мажите. Мора да признаете дека на жените со неодолива насмевка не им треба никаква шминка и зрачат со посебна енергија, така што нареден пат кога ќе се најдете во друштво на таква дама, не двоумете се дали да ѝ го кажете тоа.

„Секогаш се чувствувам убаво кога сум со тебе“

Жените честопати имаат проблеми со самодовербата и затоа кога би знаеле дека ви е пријатно во нивно друштво, тоа многу би им значело. Тие сакаат кога успеваат да го извлечат најдоброто од другите луѓе и кога ги поттикнуваат на позитивни промени. Овој комплимент ќе ги потсети дека тие имаат моќ да ги охрабруваат и мотивираат луѓето околу нив, а тоа чувство е навистина неверојатно.

„Многу си талентирана, се надевам дека го знаеш тоа“

Овој комплимент можеби не е толку креативен, но многу е значаен. Тој може да им ја даде потребната мотивација на жените да ги остварат своите цели и да ги следат своите соништа. Доколку познавате жена која прекрасно пишува, која поседува неверојатен глас или талент за цртање, слободно кажете ѝ го тоа. Не ја потценувајте моќта на обичниот комплимент. Можеби мислите дека вашите пријателки и познајнички се свесни за нивниот талент и нема потреба им го кажувате тоа, но постои голема веројатност дека грешите и дека вашите зборови можат да им помогнат многу повеќе одошто мислите.

Креативни комплименти што секоја жена сака да ги чуе (немаат никаква врска со физичкиот изглед!)

„Мислам дека ти си личноста со која би можел/а да тргнам на пат околу светот“

Патувањата колку што се интересни и возбудливи толку можат да бидат и напорни доколку патувате со погрешната личност. Некои луѓе едноставно не си одговараат, имаат различни потреби и не можат да пронајдат заеднички јазик. Дури и најдобрите пријатели понекогаш не можат да патуваат заедно мирно и сложно и тоа е сосема во ред. Но, ако навистина можете да си го замислите патувањето со некоја ваша пријателка и со задоволство би тргнале на пат околу светот со неа уште веднаш, тоа е огромен комплимент. Тоа значи дека таа е опуштена, флексибилна, има авантуристички дух и уште многу други прекрасни карактерни особини. Секој би сакал да го слушне овој комплимент!

„Твоите работни навики ме инспирираат“

Секој комплимент поврзан со успехот на жената е добредојден, но овој е посебен бидејќи се однесува на нејзиниот карактер, а не на нејзините достигнувања. Современите жени се под голем притисок да најдат работа што ќе биде интересна и креативна. Нивниот успех воопшто не е за потценување, но многу малку внимание се обрнува на работните навики што довеле до неговото остварување. Професијата е многу значаен сегмент од животот, но карактерот вреди многу повеќе од статусот во општеството.

„Многу сакам да излегувам со тебе, никогаш не се плашиш да преземеш контрола врз работите“

Постојат жени кои се полни со идеи и предлози за излегување и не се плашат да ја преземат целосната одговорност околу планирањето и организирањето. Станува збор за дами кои се родени лидери и секогаш се во чекор со најновите случувања и настани. Воопшто не им пречи тие да бидат постојано главни, напротив, тоа им претставува задоволство.

Со нив никогаш нема да имате проблем од типот „Кај сакаш да одиме на кафе? Па, не знам, ајде ти дај некој предлог“. Тие само ве грабнуваат за рака и ве носат во кафулето каде што според нив има најдобро кафе и најпријатна атмосфера. Навистина е прекрасно доколку имате ваква личност покрај вас и слободно искажете ја вашата благодарност. Тие воопшто не знаат дека нивната силна волја толку многу ви значи и сигурно ќе се чувствуваат прекрасно доколку им го дадете овој комплимент.

„Ми се допаѓа тоа што не дозволуваш никој да ти застане на патот“

Жените кои се цврсти и одлучни не дозволуваат никој да ги поколеба и секогаш се сигурни во изборот што го направиле. Оваа особина е голема реткост, бидејќи постојат многу жени кои се попустливи и кои дозволуваат другите луѓе да одлучуваат за нив. Доколку познавате некоја жена која се издвојува од толпата благодарение нејзината самодоверба и непоколебливост, дајте ѝ до знаење дека нејзината личност ве инспирира и воодушевува.

Прочитајте и кој комплимент најмногу им годи на жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар