Креативни идеи за вашиот есенски маникир

Како што се намалуваат температурите, така се приближуваат и новите есенски трендови. Па, доколку сакате да бидете во чекор со модата, во однос на целиот ваш стил, погледнете ги следниве креативни идеи за маникир што оваа есен ќе бидат во тренд.

1. Креативен француски маникир

(2) Креативни идеи за вашиот есенски маникир

Ова е одличен начин да го надградите стандардниот француски маникир. Освен класичниот бел врв, треба да додадете уште една линија со сива или со боја на кожа.

2. Цветни детали

(3) Креативни идеи за вашиот есенски маникир

Откако ќе завршите со вашиот класичен француски маникир, на врвот од ноктите или пак, на дното (како вам ви изгледа подобро), поставете детали во форма на цвеќиња.

3. Мондријанов стил

(4) Креативни идеи за вашиот есенски маникир

Уживате малку, препуштете се на вашата фантазија и почнете да исцртувате линии и коцки што ќе ги пополнувате со различни бои. Нешто слично како уметноста на сликарот Пит Мондријан, нека и вашите нокти бидат апстрактни.

4. Француски маникир со фолија

(5) Креативни идеи за вашиот есенски маникир

Наместо врвот на вашите нокти да биде бел, обидете се да го украсите со фолија што се нанесува на ноктите и остава разнобојни траги. Консултирајте се со вашиот козметичар за повеќе информации.

5. Шаховска табла

(6) Креативни идеи за вашиот есенски маникир

За „шаховски нокти“ потребно е на самиот нивен врв да направите вообичаен француски маникир. Кога ќе се исуши, нанесете црни коцки што ќе ја формираат таблата.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар