Креативни идеи: Како да го носите шалот-ќебенце?

Можеби поради навистина ниските температури или само од желбата да се завиткаме во нешто топло, но сите ги сакаме големите, топли плетени шалови. Од бојата до материјалот, постои огромен избор на вакви топли шалчиња кои сигурно ќе ве згреат. Еве како да ги носите.

0-kreativni-idei-kako-da-go-nosite-salot-kjebence-kafepauza.mk_

1. Балансирајте ја силуетата

Постои непишано правило во модата според кое широките, волуменозни парчиња треба да се комбинираат со тесните кои ја следат линијата на телото. Ова важи и во случајот со ваквите шалови. Шорцеви со хулахопки, тесни фармерки во високи чизми или цигара-фармерки изгледаат одлично во комбинација со шал-ќебенцето. Освен што изгледа многу модерно, се внимава на линијата на телото и не се забележува тежината на шалот.

1-kreativni-idei-kako-da-go-nosite-salot-kjebence-kafepauza.mk_2-kreativni-idei-kako-da-go-nosite-salot-kjebence-kafepauza.mk_3-kreativni-idei-kako-da-go-nosite-salot-kjebence-kafepauza.mk

2. Ставете каиш

Ноншалантниот изглед на шалот, кој одлично изгледа на секого, има само еден голем непријател: ветрот. И малку да ве дувне целиот ваш труд веднаш ќе потоне во вода. Исто така широките краеви едвај чекаат да се запнат или да се заплеткаат некаде, така што ќе потрошат дел од вашето скапоцено време.

Сето ова може да исчезне од листата на проблеми со самото тоа што ќе ставите каиш. Вака, врвовите на шал-ќебенцето ќе бидат безбедни од канџите на вратата, а плус ќе го нагласи вашиот струк.

4-kreativni-idei-kako-da-go-nosite-salot-kjebence-kafepauza.mk_6-kreativni-idei-kako-da-go-nosite-salot-kjebence-kafepauza.mk5-kreativni-idei-kako-da-go-nosite-salot-kjebence-kafepauza.mk_7-kreativni-idei-kako-da-go-nosite-salot-kjebence-kafepauza.mk

3. Пробајте нешто поинакво

Постојат многу различни модели на овој тренд и секој модел го изразува личниот стил. Освен убавината, важна е и прагматичноста. Не го одбирајте оној кој го видовте на сите модни ревии, едиторијали или на улица. Одберете некој поинтересен модел кој ќе ви одговара на вашиот вкус и кој ќе ѝ соодветствува на вашата силуета.

11-kreativni-idei-kako-da-go-nosite-salot-kjebence-kafepauza.mk10-kreativni-idei-kako-da-go-nosite-salot-kjebence-kafepauza.mk_9-kreativni-idei-kako-da-go-nosite-salot-kjebence-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар