Крцкави зачинети јаткасти плодови

Комбинација за мерак: ладно пивце и вкусни крцкави јаткасти плодови

Крцкави зачинети јаткасти плодови

Потребни состојки:
  • 60 г светло кафеав шеќер
  • 1 лажица бел шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 лажичка ким
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1½ лажичка бибер
  • 1 лажица рендана кора од портокал или лимон
  • 1 лажица сок од портокал или лимон
  • 1 белка од јајце
  • 300 грама непечени јаткасти плодови по избор
  • 1 лажица убаво исечкани ливчиња од рузмарин
Начин на подготовка:

Рерната загрејте ја на 150 степени Целзиусови.

Во помал сад, помешајте ги шеќерот, солта, зачините и кората од портокал.

Во поголем сад, изматете ја белката со жица додека не стане пенеста, околу една минута. Потоа додадете ги сувите состојки и сокот од портокал и измешајте ги заедно.

Потоа додадете ги јаткастите плодови и убаво измешајте ги во смесата. Земете една тава и покријте ја со хартија за печење. Одозгора сипете ги јаткастите плодови. Печете 15 минути, а потоа со лажица измешајте ги и одлепете ги оние јаткасти плодови што се залепиле. Намалете ја температурата на 120 степени Целзиусови и печете уште 10-15 минути додека јаткастите плодови не добијат златна боја.

Потоа извадете го тавчето од рерна извадете ги и одвојте ги оние што се споиле меѓу себе и ставате ги во чинија за послужување. Декорирајте со ливчињата рузмарин, а послужете ги со ладно пиво во замрзната кригла.

Крцкави зачинети јаткасти плодови

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Вена Пирузева Петровска Reply

    Oвој рецепт е добар во мигови кога сакате да си ја почестите душата а за тоа сте навистина свесни но никако да ви стане секојдневие.Сега да погледнеме од онаа другат страна ,така виканата здрава страна .Да јаткастите плодови и семките треба да бидат во вашето секојдневно мени, човечкиот род во одреден период од својот развој опстојувал хранејки се со семиња и јаткасти плодови што само ја докажува нивната многу важна нутритивна вредност.Секако таа своја вредност во целосен процент тие ја имаат ако не се термички обработуваат и соодветно се комбинираат со други намирници.Во свој полн израз доаѓаат во салатите и десертите истакнувајки го вкусот на другите состојки.Повекето од нив спаѓаат во групата намирници кои ја создаваат базната основа во организмот.Убаво е а јас тоа секому го препорачувм кога ќе се одлучи за некој рецепт да го направи да се запознае барем малку со тоа што е тоа што ќе го приготвува и што ќе добие со тој оброк.Затоа ево малку за тоа
    Што е тоа што оди во прилог на употребата на јаткастото овошје?

    Нутритивната вредност на јаткастите плодови и семките е таква што и покрај некогашните тврдења дека во себе содржат маснотии сепак треба да се дел од секојдневната исхрана.Во себе содржат омега-3 масни киселини и големо количество мононезаситени масни киселини меѓу кои е и олеинската киселина која го подобрува кардиоваскуларното здравје,а во некои случаи дури може да го спречи и дијабетесот.Според тоа маснотиите кои ги содржи не се лоши туку добри и затоа 25%-30% од калориите кои дневно ги внесуваме треба да потекнуваат од нив.
    Исто така во себе содржат и витамини и минерали׃
    -витамин Е
    -бакар
    -манган
    -магнезиум
    -цинк
    -лигнини меѓу кои се сезамин и сезамолин кои се наоѓаат во семките од сусам
    -и други фитонутриенти
    За да можат целосно да ја извршат својата нутритивна дејност треба да се јадат заедно со друга храна во која има малку заситени масти и холестерол и која е со намален внес на калории.
    Тие се добри за намалување на гладот бидејки заситуваат и во исто време ве снабдуваат со енергија.
    Со почит
    Весна Пирузева Петровска

Остави коментар