Краток водич за моќен контакт со очи

Краток водич за моќен контакт со очи

 „Најважните работи во првите секунди кога се сретнуваме со друга личност се: цврстото ракување, насмевката, добриот контакт со очите и вниманието што ѝ го обрнуваме.“ – Пет Шауман

Краток водич за моќен контакт со очи

1. Контактот со очи претставува конекција која овозможува градење врски со другите.

2. Остварувањето контакт со очи ѝ покажува на личноста спроти вас дека сте заинтересирани за она што го зборува.

3. Гледањето во очи кажува нешто за вас – дека сте самоуверени и сигурни во себе.

4. Обратно, човек кој не може да оствари контакт со очите изгледа несамоуверено, расеано и недоверливо. Без разлика дали личноста е срамежлива по природа, ваква е перцепцијата на луѓето околу неа.

5. Кога му давате некому комплимент, гледајте го во очи.

6. Контактот со очи овозможува остварување интимни врски.

7. Остварувајте контакт со очи кој трае 5-10 секунди, потоа тргнете го погледот настрана и повторно вратете го.

8. За да бидете сигурни дека остварувате контакт со очи, секогаш обидувајте се да ја забележите бојата на очите, без разлика дали подоцна ќе ја паметите или не.

9. Искрена насмевка со добар контакт со очи прави луѓето да се чувствуваат убаво и пријатно во вашето присуство.

10. Постојан контакт со очите може да значи самодоверба, авторитет и искуство.

11. Гледањето во очи значи дека слушате.

12. Гледањето во очи може да направи другиот да се чувствува непријатно. Вежбајте со пријател или близок.

13. Не носете темни очила во затворен простор. Луѓето се чувствуваат непријатно кога не знаат каде гледаат оние со кои зборуваат.

14. Доколку не можете да гледате директно во очите, гледајте во други делови од лицето кои ќе го создадат истиот впечаток: горниот капак на очите, во ќошето на очите или во пределот каде очите се спојуваат со носот.

15. Доколку некој не ви возвраќа со контакт со очите, тоа нема никаква врска со вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ана Reply

    Мал детал од овој тип на совети сеуште некако ме буни… Од една страна се советите да препознаете преку говорот на телото кога некој ве лаже, а после следат совети како вие да ги лажете луѓето… Иначе супер пост 🙂

Напиши одговор на Ана Откажи одговор