Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

Зошто да се измачувате со разни тешки диети  кои ќе ве истоштат, кога можете да бидете здрави и витки со едноставна реорганизација на вашите оброци и внесување многу витамини преку овошје, кои ќе ви дадат елан и свежина?! Испробајте ги овие четири детоксикациски диети, препорачани од професионални нутриционисти, кои истовремено ќе ви помогнат брзо да ги изгубите килограмите, но и да го прочистите вашето тело од отровните материи.

Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

Дводневна диета со јаболка

Доколку сакате да симнете неколку килограми и истовремено да ги отстраните отровите од вашето тело и да се чувствувате поздраво, сè што треба да направите е да јадете само јаболка. Звучи страшно, но диетата трае само два дена и плус секогаш кога ќе почувствувате глад можете да каснете јаболко, бидејќи нема ограничување на количината. Покрај тоа што јаболката располагаат со многу витамини, тие создаваат и чувство на ситост. За да не ви досади од едноличната исхрана уште после првите три јаболка, купете од различни сорти за да ви биде диетата поразнообразна.

Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

Петдневна диета со лубеници

Доколку сте љубители на лубеница, тогаш токму таа е одговорот на сите ваши молитви за добро обликувано тело. Во оваа диета треба да почитувате едно едноставно правило: консумирајте најмалку половина килограм лубеница дневно. Исто така, пожелно е во текот на диетава да јадете по пет помали оброци дневно. Додека ја држите оваа диета е многу препорачливо да избегнувате пиење пијалаци во кои има шеќер и осигурете се дека немате висок крвен притисок. Оние кои имаат проблеми со бубрезите или со црниот дроб, исто така треба да го избегнуваат овој алтернативен план со оброците. За да не ви се смачи од јадење лубеница, во текот на овие денови можете понекогаш да си направите свежо исцеден сок од овошје или да си направите овошна салата.

Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

Седумдневна диета со ананас

Детоксирајте го вашиот организам со еден здрав и едноставен режим на исхрана. Со оваа диета нема потреба да се лишувате од храна за да ги намалите вишокот килограми. Напротив, сè што треба да сторите е да јадете по три нормални оброци и да консумирате само две парченца ананас дневно. Нутриционистите кои ја креирале оваа диета исто така препорачуваат дводневна сесија на комплетно чистење на организмот од отрови, за кое време ќе јадете само ананас. Доколку се решите на овој чекор, детоксикацијата на организмот направете ја во два последователни дена од седмицата додека ја држите диетава. И покрај тоа што ова не е режим на исхрана кој треба да се следи на долг рок, сепак оваа диета може да биде многу корисна за оние кои сакаат брзо да ги намалат килограмите.

Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

Седумдневна диета со црвени боровинки

Црвените боровинки се богати со растителни влакна, витамини и антиоксиданси. Поради тоа, тие се одлични за „исчезнување“ на вашите килограми и за ослободување на вашиот организам од штетните токсини. Исцедете сок од половина килограм боровинки. Потоа, помешајте две супени лажици од сокот во 200 грама свежа изворска вода и пијте ја таквата течност секое утро на гладно. Резултатите ќе бидат неверојатни. Исто така е препорачливо да консумирате „полесни“ оброци во текот на овие седум дена, за да не биде вашиот дигестивен систем под голем притисок во текот на детоксикациската диета.

Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. marija Reply

    ajde ke slabeeme mnogu mi se dopagaat ovie dieti

  2. анонимна Reply

    Сите овие моно-диети се ужасно штетни за здравјето. Со самото тоа што вие внесувате само еден вид витамини во вашиот организам, му скратувате од другите корисни состојки кои што му се потребни на организмот. Најдобро би било сите овие овошки да ги јадете во ист ден (не мислам количински, туку истите видови).

  3. yirui Reply

    Што се „црвени боровинки“ ????? О.о О.о

Напиши одговор на анонимна Откажи одговор