Кратки животни инструкции

Секој го живее животот на свој начин и по свои правила. Овие кратки инструкции се инспиративни, ведри, дел од нив дури и смешни, но сепак, во суштина сите се реални. Интересни да се прочитаат, а поучни за да се применат. Споделете и вие некој краток совет, правило според кое вие го живеете животот.

Кратки животни инструкции

1. Ракувај се цврсто!

2. Гледај ги луѓето во очи!

3. Пеј додека се тушираш!

4. Доколку се впуштиш во тепачка, гледај да удриш прв и да биде тоа силен удар. :)

5. Чувај тајни!

6. Редовно спортувај!

7. Не откажувај се од никого! Чуда се случуваат секојдневно.

8. Секогаш прифаќај подадена рака!

9. Биди храбар! Дури и да не си, преправај се дека си, никој нема да познае.

10. Не биди саркастичен!

11. Избирај го партнерот внимателно! Од оваа одлука зависи твојата среќа во иднина.

12. Прави добри нешта за луѓе кои никогаш нема да дознаат за тоа!

13. Позајмувај ги само оние книги, за кои нема да ти биде грижа дали повторно ќе ги видиш.

14. Кога се натпреваруваш со деца, остави ги да победат.

15. Не одземај му ја надежта на никого! Можеби тоа е сè што таа личност има.

16. Давај втора шанса, но не и трета!

17. Биди романтичен.

18. Биди позитивен и ентузијаст.

19. Опушти се! Секоја ситуација во животот не е толку сериозна колку што изгледа на прв поглед.

20. Биди добар губитник!

21. Биди уште подобар победник!

22. Размисли два пати пред да довериш некому тајна.

23. Кога некој те прегрнува, почекај тој прв да се тргне.

24. Поедноставувај ги работите!

25. Пази се од личности кои немаат што да загубат!

26. Не пропуштај прилика за да му соопштиш некому дека го сакаш.

27. Запомни, никој не успева сам!

28. Кога ѕвони телефонот, одговарај со ентузијазам и енергија во гласот.

29. До креветот чувај си тефтер и пенкало. Добрите идеи знаат да дојдат и во 3 часот наутро.

30. Почнувај го секој ден со твојата омилена музика!

31. Стапи во брак само поради љубов.

32. Давај му комплимент на готвачот, кога јадеш на гости!

33. Запомни дека 80% од успехот во која било работа зависи од способноста да се справиш со луѓето.

34. Не очекувај животот да биде фер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. A Reply

    Sto ako i drugiot ceka jas da se trgnam dodeka sme vo pregratka 😛

  2. ivka-slivka Reply

    1.SAKAJ ZASTON SAMO HRABRITE SAKAAT A KUKAVICITE CEKAAT DA BIDAT SAKANI . . . . . .
    2.SUDBINATA E MOKNA RABOTA MOZE DA ZAKASNI NO NIOGAS NEMA DA ZABORAVI DA VE POSETI………
    3.NESTOTO STO GO BARAME SEKOGAS DOAGJA TOGAS KOGA KE SE OTKAZEME OD NEGO I KE GO ZABORAVIME . . . . .

  3. Anka Reply

    Ova e izvadok od trilogijata “Mali pouki za zivotot”??? :)

  4. Djodjo Reply

    Moeto omileno moto e: Bidi zadovolen so ona sto go imas, dodeka rabotis da go steknes ona sto go sakas!

Остави коментар