Кратки лекции за подобри родители

Кратки лекции за подобри родители

Секој родител го посакува само најдоброто за своите деца. Сепак, во трката наречена „живот“, забораваме да им се посветиме доволно и да им го понудиме потребното внимание. А верувајте, тие мали ангелчиња повеќе од кој било го заслужуваат тоа! Ние сме тука да ве потсетиме на неколку едноставни лекции кои сите идни и сегашни родители треба секогаш да ги имаат предвид.

Кратки лекции за подобри родители

Прегрнувајте

Прегратката е најдобриот лек да го утешите вашето дете кога плаче, кога е исплашено или едноставно да му кажете дека секогаш ќе бидете тука за него.

Кратки лекции за подобри родители

Научете да слушате

Кога зборуваат и раскажуваат нешто, внимателно слушајте. Детето ќе почувствува дека има свој соговорник, а со тоа ќе ја поттикнете неговата фантазија да раскажува за уште пошарени и волшебни светови.

Одговорете на секое прашање

Децата знаат да бидат „досадни“ и да поставуваат прашања за кои и ние возрасните немаме одговори: зошто паѓа дождот, зошто е небото плаво, колку е тешка земјата… Сепак, бидете креативни и смислете одговор за секое прашање. „Не знам“, никако не се прифаќа за одговор.

Кратки лекции за подобри родители

Дозволете им да истражуваат

Децата сакаат да го истражуваат светот, а со тоа осознаваат за работите коишто ги опкружуваат. Дозволете им да шлапнат во кал, да се извалкаат со песок, да се намократ. Облеката секогаш може да се испере, но изгубената детска радост не можете да ја надоместите.

Научете ги да бидат културни

Децата учат од своите родители и затоа бидете добар пример. Ако вие им се обраќате со зборовите „те молам“, и „благодарам“, тогаш и тие ќе ги користат во својот речник.

Забавувајте се заедно

Нема ништо поубаво од тоа кога сите дома сте заедно. Друштвените игри се одлична идеја  за забава и докажување кој е подобар во играта. Доколку пак имате вишок енергија, одлична би била борбата со перници. 🙂

Кратки лекции за подобри родители

Смејте се

Смислата за хумор се развива уште од мали нозе, а смеењето има позитивни ефекти како на децата, така и на родителите. Затоа, не морате да имате посебна причина за смеа. Ставете стар шешир на главата, обојте го лицето и насмејте го своето дете.

Несебично бакнувајте

Децата се многу посигурни кога се сакани. Имаат поголема самодоверба, среќни се и ја чувствуваат покажаната љубов. Оние деца што се сакани, понатаму како возрасни личности можат многу полесно да ги искажат и контролираат своите чувства и емоции.

Кратки лекции за подобри родители

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар