Коса, лице, нокти… Што ќе биде во тренд оваа година?

Никој не можеше да го предвиди успехот кој го постигна контурирањето на лицето минатата година, како најбаран мејкап тренд. Сепак, во продолжение ќе се обидеме да откриеме што ќе се носи на лицето, ноктите и косата во 2016 година.

1. Зачадени очи

И во 2016-та година славните „зачадени“ очи ќе бидат главен мејкап тренд.

2-kosa-lice-nokti-shto-kje-bide-vo-trend-vo-2016-godina-www.kafepauza.mk_

2. Светки на очните капаци

Неколкуте светки кои ќе ги нанесете наместо сенка за очи ќе бидат одличен начин за да го промените својот изглед и да оставите гламурозен впечаток.

3-kosa-lice-nokti-shto-kje-bide-vo-trend-vo-2016-godina-www.kafepauza.mk_

3. Зачешлани веѓи

Веќе се навикнавме на густите и дебели веѓи во минатата година, но во 2016-та ќе ги обликуваме и зачешлуваме нагоре.

4-kosa-lice-nokti-shto-kje-bide-vo-trend-vo-2016-godina-www.kafepauza.mk_

4. Природни бои на кармин

На сцената настапуваат нежни тонови и розова боја во сите нијанси, а смелите бои, како златната или кобалтно сината, ќе мора да ги оставете на страна.

5-kosa-lice-nokti-shto-kje-bide-vo-trend-vo-2016-godina-www.kafepauza.mk_

5. Природни усни

Усните кои го имаат обликот како на Кајли Џенер повеќе нема да бидат во мода, нивното место на листата ќе го заземат природните усни.

6-kosa-lice-nokti-shto-kje-bide-vo-trend-vo-2016-godina-www.kafepauza.mk_

6. Сјајна кожа

Популарната стробинг техника во 2016-та година преминува на потполно ново ниво. Сјајот за усни нанесете го на јаболкниците, на „мостот“ на носот и на очните капаци за да добиете светол сјаен изглед на кожата.

7-kosa-lice-nokti-shto-kje-bide-vo-trend-vo-2016-godina-www.kafepauza.mk_.jpg-large

7. Дискретно контурирање

Во 2016-та година ќе контурираме само еден дел од нашето лице – образите, вилицата или носот, но никако сите три.

8-kosa-lice-nokti-shto-kje-bide-vo-trend-vo-2016-godina-www.kafepauza.mk_


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар