Корисни совети и трикови за девојките со низок раст

Гледајќи ги светските модни писти и високите манекенки, сите ние сакаме да бидеме неколку сантиметри повисоки. Девојките со низок раст често прават грешки во облекувањето и изборот на аксесоари што прави да изгледаат уште пониско. Погледнете ги овие совети и трикови кои ќе ви помогнат визуелно да ја издолжите вашата фигура.

1-korisni-soveti-i-trikovi-za-devojkite-so-nizok-rast-www.kafepauza.mk_

1. Обувки

Најголемите грешки се прават при изборот на облеката и чевлите. Со желба штиклите од 12 см да ви ја издолжат фигурата го постигнувате токму спротивниот ефект. На овие девојки високите штикли не изгледаат многу убаво. Наместо нив, одберете штикли со оптимална висина (над 5 см), а не оние на кои ќе изгледате како да сте се качиле на столбови. Особено, избегнувајте ги чизмите над колена. За лежерни излегувања не избирајте рамни обувки, туку одберете некои со платформа, но да не биде премногу висока. Во тренд се патиките со платформа, кои би биле одличен избор.

2-korisni-soveti-i-trikovi-za-devojkite-so-nizok-rast-www.kafepauza.mk_

2. Фармерки и панталони

Кога се во прашање фармерките или панталоните, никако не носете ги оние кои имаат должина до под колена. Тие се резервирани за жени со висок раст. Наместо нив носете сукњи или пак кратки панталони. Добар избор би била и облеката со вертикални пруги која визуелно ќе ве издолжи. Доколку сте слаби, тогаш носете залепени модели, никако широки и вреќасти.

3-korisni-soveti-i-trikovi-za-devojkite-so-nizok-rast-www.kafepauza.mk_

3. Блузи, кошули, јакни

Кога станува збор за блузите, кошулите, капутите и јакните, избирајте модели кои досегнуваат до половината. Сите подолги модели визуелно ќе ви ја скратат фигурата и ќе ве „поклопат“. Изберете облека која е во иста нијанса (горниот и долниот дел) и потрудете се каишот убаво да се усогласи со целата комбинација.

4-korisni-soveti-i-trikovi-za-devojkite-so-nizok-rast-www.kafepauza.mk_

4. Накит, очила, чанти

Заобиколете го крупниот накит. Наместо него, изберете дискретни парчиња. Ова исто важи и за очилата. Посебно внимание обрнете на изборот на чанти. Големите чанти никако не стојат на жените со низок раст. Потрудете се и најдете некоја со помали димензии која убаво ќе се вклопува во вашата фигура.

5-korisni-soveti-i-trikovi-za-devojkite-so-nizok-rast-www.kafepauza.mk_

5. Фризура

И за крај, доколку се двоумите дали да ја скратите вашата коса, запомнете дека кратките фризури најдобро им стојат на жените со низок раст. Сепак, ако сакате долга коса, најдобро би било да ја врзете во високо коњско опавче или пунџа.

6-korisni-soveti-i-trikovi-za-devojkite-so-nizok-rast-www.kafepauza.mk_

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар