Комплетен моден водич за женски обувки

Ниту еден моден додаток кој го носат жените не може да ги замени најразличните модели на обувки! Рамни, со висока потпетица, со платформа… Жените секогаш ќе ги сакаат обувките и ќе продолжат беспомошно да ги купуваат, без разлика колку неносени пара веќе имаат. Токму поради таа причина решивме денес да ве израдуваме со комплетен моден водич низ сите женски обувки, во кој ќе имате прилика да дознаете и како секој од овие модели можете да го носите. Уживајте!

1-vreme-e-za-vazhna-modna-lekcija-kompleten-moden-vodich-niz-zhenskite-obuvki-www.kafepauza.mk_

Кратки чизми

Како што веќе добро знаете, можете да ги пронајдете кратките чизми во најразлични варијанти и тоа со висока потпетица, со платформа или пак потполно рамни и тие претставуваат едни од најпопуларните модели на обувки помеѓу жените. Можете да ги носите во бројни варијанти, но со нив најдобро е да комбинирате кратки јакни, капути или кожни јакни, фустани и здолништа кои достигнуваат должина до колената, тесни фармерки, но и мини здолништа, шорцеви, па дури и да ги носите во комбинација со дебели хулахопки и некое од наведените парчиња облека. Им се препорачуваат на девојките со долги нозе, бидејќи на ниските девојки можат визуелно да им ги скратат нозете и да ги направат да изгледаат набиено.

2-vreme-e-za-vazhna-modna-lekcija-kompleten-moden-vodich-niz-zhenskite-obuvki-www.kafepauza.mk_

Војнички чизми

Во прашање е погруб модел на женски чизми, кои доколку се комбинираат на вистинскиот начин, може да изгледаат доста убаво и ефективно. Најдобро е да ги носите со класични панталони или фармерки во секојдневни варијанти или пак со мини здолништа во некои елегантни варијанти.

3-vreme-e-za-vazhna-modna-lekcija-kompleten-moden-vodich-niz-zhenskite-obuvki-www.kafepauza.mk_

Чака чизми

Иако овој израз ви е најверојатно непознат, чака чизмите претставуваат модел што достигнува до зглобовите, најчесто се изработени од кожа или превртена кожа и имаат врвки. Најдобар начин на кои можете да ги носите е во комбинација со класични фармерки или панталони, удобни џемпери и кардигани, струкирани јакни, но и со фустани и здолништа со различна должина.

4-vreme-e-za-vazhna-modna-lekcija-kompleten-moden-vodich-niz-zhenskite-obuvki-www.kafepauza.mk_

Челзи чизми

Уште еден модел на кратки чизми, кои својата популарност ја стекнаа токму поради тоа што станаа неизоставен дел од колекцијата на светски познатите брендови. Овие чизми идеално се комбинираат со кошули, блузи или маици, со сако, тесни или искинати фармерки.

5-vreme-e-za-vazhna-modna-lekcija-kompleten-moden-vodich-niz-zhenskite-obuvki-www.kafepauza.mk_

Тимберленд чизми

Иако повеќе ги сакаме во издание на славните фраери, популарните Тимберленд чизми можат одлично да им прилегаат и на жените, кои во последните сезони со големо задоволство ги носат. Најдобро од сè е тоа што можете да ги носите во сите кежуал варијанти, без разлика на моделот или бојата на обувките. Исто така, тие може да изгледаат одлично во спортски варијанти и во спортско-елегантна верзија, бидејќи се доволно впечатливи за да постигнете неверојатни модни резултати.

6-vreme-e-za-vazhna-modna-lekcija-kompleten-moden-vodich-niz-zhenskite-obuvki-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за повеќе модели.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар