Компир – бескорисен зеленчук или дар од природата?

Ниту еден зеленчук не е толку разновиден како компирот. Тој е подеднакво убав кога е варен, печен или пржен, но ретко ги добива пофалбите кои ги заслужува. Не треба да се заборави дека оваа скромна храна одиграла голема улога во историјата на човештвото и многу пати ги спасила луѓето од глад за време на војни или во околините со лоши климатски услуги.

Компир – бескорисен зеленчук или дар од природата?

Компирот прв пат почнал да се одгледува од страна на Индијанците од Перу, пред повеќе од 4.000 години. Од Америка во Европа, кон крајот на шеснаесеттиот век, го донел еден поморски истражувач и војсководец. Поимот компир потекнува од баварскиот збор „gruntbir“, што означува „круша од земјата“.

Факти за компирот

1. Компирот е еколошки чиста храна. Одгледувањето компир е лесно и едноставно, при што не се потребни ѓубрива, ниту пестициди (иако многу земјоделци сѐ уште ги користат).

2. Компирот е добар за здравјето, под услов да не го консумирате во пржена форма.

3. Компирот е совршена храна за одгледување во сиромашните земји. Оваа евтина и хранлива намирница расте дури и во лоши климатски услови.

4. Компирот е прва намирница која е успешно одгледана во вселената.

5. По износот на фенолни соединенија, компирот може да се натпреварува со брокулата, спанаќот и зелката. Флавоноидите кои ги содржи компирот штитат од болести на срцето и крвните садови, болести на дишните патишта и рак.

6. Англиските научници во компирот пронашле посебна состојка наречена кукоамин, која штити од висок крвен притисок.

7. 2008 година е прогласена како година на компирот. Обединетите нации сметаат дека компирот е храна на иднината, која би можела да го победи гладот во светот.

8. Постојат преку 1.000 видови компири и тој денес е четврта најодгледувана храна и се користи во секој дел од светот.

9. Европејците консумираат двојно повеќе компири од Американците.

10. За време на златната треска во Клондајк, компирот се користел како валута. Тој бил толку ценет поради високото ниво витамин Ц што го содржел, така што го менувале за злато.

11. Чипсот од компир е најпродавана ужина во светот.

Хранливи својства на компирот

  • Компирот е една од најхранливите состојки во светот
  • Компирот има помалку калории од лебот, оризот и тестенините
  • Компирот содржи повеќе калиум од бананите
  • Компирот содржи повеќе употребливо железо од кој било друг зеленчук
  • Компирот содржи здрави сложени јаглехидрати и хранливи влакна
  • Компирот е добар извор на витамин Б, магнезиум, фосфор и ниацин
  • Компирот не содржи масти и холестерол
  • Неколку компири ја задоволуваат дневната потреба на количина од витаминот Ц

Компирот не дебелее

Фитнес гуруата го прогласиле компирот како намирница која не дебелее. Постојат тврдења дека поради високите гликемиски индекси и големите количини скроб кои ги содржи, тој не е погоден за слабеење. Меѓутоа, тоа не е вистина. Биле спроведени истражувања за тоа како компирот влијае на телесната тежина. Личностите кои во текот на шест недели секојдневно консумирале од 7 до 9 компири, не се дебелееле, туку напротив, слабееле. Тоа се објаснува со фактот дека компирот предизвикува ситост, а содржи релативно малку калории (еден компир во просек содржи 100 до 120 калори, а тоа е 2,5 пати помалку од лебот). Но, доколку секојдневно консумирате помфрит или чипс, секако дека ќе се здебелете, затоа што оваа храна содржи многу калории, токму поради маснотиите.

Компир – бескорисен зеленчук или дар од природата?

Помфритот не е здрав!

Кога се вели дека компирот е здрава храна, не се мисли на помфрит. Напротив, тој е најнездравата храна на планетата! Помфритот содржи големи количини „лоши“ маснотии, кои го зголемуваат ризикот од срцев и мозочен удар, дебелеење и висок холестерол. Поради пржењето во масло и на висока температура, помфритот може да биде канцероген.

Компирот како лек

Компирот се користи не само како храна, туку и како лек. Еве неколку примери за тоа:

  • Облогите од варен компир се користат за третирање реума, измрзнување…
  • Измивањето со сок од компир лечи акни, егземи и дамки на лицето
  • Облогите од компир се користат за треска, изгореници, главоболка…
  • Кората од варен компир го намалува крвниот притисок
  • За гастритис се зема 1 лажичка сок од компир, 3 пати дневно, пред оброкот

Како да направите сок од компир

Измијте го и изрендајте го компирот, па ставете го во ленена крпа и со стискање исцедете го сокот. Тоа може да го подготвите и во соковник, а настојувајте секогаш да користите свежо подготвен сок. Поради неговата евтина цена, одличен вкус и хранливи материи, компирот заслужува да биде на листата на супер-храна бидејќи е пријател на вашето здравје.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар