Комбинација на производи кои ќе ви помогнат лесно да ги изгубите несаканите килограми

Како и секогаш, периодот пред летото е исполнет со разговори и спроведување најразлични диети, одење во теретана и голем труд за да се доведе телото до совршена форма. Секогаш стигнуваат совети од сите страни и додека едни доста добро делуваат, други пак не даваат големи резултати. На сите нас ни е јасно дека е потребно да ја регулираме исхраната и да воведеме физичка активност, бидејќи тоа е добитната комбинација. А, ова пак се комбинацијата на производи кои би требало да ги консумирате во рамките на еден оброк и тие ќе ви го дадат токму тоа што го посакувате, губење на килограмите со доста голема брзина и без мака.

1-kombinacija-na-proizvodi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izgubite-kilogramite-www.kafepauza.mk_

1. Секогаш заедно комбинирајте јајца и зеленчук, односно варени јајца и некои салати, со кои ќе добиете ручек полн со потребните витамини и состојки кои ќе ве заситат и ќе му го дадат сето она што му е потребно на вашиот организам. Тоа ќе влијае метаболизмот да ви работи побрзо.

2-kombinacija-na-proizvodi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izgubite-kilogramite-www.kafepauza.mk_

2. Доколку сакате риба, еден ваш оброк може да биде туна во парчиња, со висок квалитет, која ќе има еден занимлив додаток во вид на зачин, а тоа е свеж ѓумбир. Ѓумбирот е добро познат како антиоксиданс и намирница што е одлична во топењето на масните наслаги.

3-kombinacija-na-proizvodi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izgubite-kilogramite-www.kafepauza.mk_

3. Ако ги сакате зелените овошја и зеленчуци, комбинацијата која ќе влијае на редукција на вашите килограми е авокадото и спанаќот споени во еден оброк.

4-kombinacija-na-proizvodi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izgubite-kilogramite-www.kafepauza.mk_

4. Еве една идеја за лесен појадок, а може да ви послужи и како идеја за некоја лесна вечера. Шолја кисела павлака заедно со неколку бадеми нема да бидат само вкусен, туку и доста здрав оброк.

5-kombinacija-na-proizvodi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izgubite-kilogramite-www.kafepauza.mk_

5. Еве уште еден предлог кога е рибата во прашање. Една од најздравите, најквалитетните и најприсутните кога се диетите и здравата храна во прашање, е лососот, а овој пат комбинирајте го со аспарагус и вашиот метаболизам ќе работи побрзо, а организмот ќе ги добие сите хранливи материи за еден одличен ден.

6-kombinacija-na-proizvodi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izgubite-kilogramite-www.kafepauza.mk_

6. За оваа комбинација и не мораме многу да пишуваме. Нека вашиот ден биде проследен со една до две шолји зелен чај во кој ќе додадете отприлика половина лимон.

7-kombinacija-na-proizvodi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izgubite-kilogramite-www.kafepauza.mk_

7. Доколку сакате да јадете зрнест зеленчук, тогаш секогаш комбинирајте го со пченка, бидејќи тоа е добитна комбинација кога ќе посакате да ја регулирате вашата исхрана и со неа да ги изгубите килограмите.

8-kombinacija-na-proizvodi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izgubite-kilogramite-www.kafepauza.mk_

8. На сите ни е познато дека пилешкото месо е најздравото од сите останати, па затоа и редовно би требало да го консумирате. Во комбинација со салати, како главно јадење, пилешкото месо е одличен избор, а кога е диетата во тек, додајте и црвени пиперчиња кои позитивно ќе влијаат на отстранувањето на масните наслаги.

9-kombinacija-na-proizvodi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izgubite-kilogramite-www.kafepauza.mk_

Погледнете ја и оваа диета со варени јајца со која ќе изгубите до 10 килограми за 14 дена.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар