Колку пари ни се доволни за да бидеме среќни?

Колку пари ни се доволни за да бидеме среќни?

Се чини дека среќата и не е толку скапа, доколку се водиме спрема резултатите од истражувањата направени во САД. Во овие истражувања се мерел општиот впечаток за среќата на членовите на едно семејство и било дојдено до заклучок дека за да бидат среќни потребно е вкупно да заработуваат околу 50.000 американски долари годишно.Колку пари ни се доволни за да бидеме среќни?Ова истражување го спровело институтот „Marist Institute for Public Opinion“, а од испитаниците било побарано да го оценат своето задоволство во следниве аспекти на животот: семејство, безбедност, станбено прашање, духовен живот, здравје, пријатели, работа, слободно време, финансии и социјален живот и друштвени активности. Исто така, испитаниците морале да ги наведат и своите годишни примања.

Анкетите откриле дека годишниот приход од 50.000 американски долари е клучната точка која ги раздвојува среќните од несреќните. Членовите на домаќинствата кои вкупно заработуваат помалку од 50.000 долари биле значително понесреќни во сите аспекти од анкетата, за разлика од оние луѓе чија фамилија заработувала над оваа сума.

„Парите со сигурност не можат директно да ја купат среќата, меѓутоа нашето истражување, јасно покажува дека тие се важен фактор за квалитетен живот“ – вели Пол Хоган, претседател и основач на „Home Instead Senior Care“.

Едно друго истражување објавено во магазинот „The Economist“ кон крајот на 2010 година, покажало слична поврзаност на едно глобално ниво. Според резултатите до кои дошле нивните стручњаци, за населението да биде среќно доволен е БДП од 15.000 долари по лице, кога се мери куповната моќ.

Интересно е тоа што ова истражување открило дека постојат и одредени исклучоци, па така Бразилците се среќни исто колку и Јапонците, иако заработуваат 4 пати помалку пари.

Дека парите не се единствениот критериум за среќата покажува и фактот дека од 1960 година до денеска, БДП по жител во САД е зголемен за три пати, додека нивото на среќата на светско ниво на граѓаните на оваа земја останала на исто место (11-то место). Истовремено некои земји, како на пример Ирска и Нов Зеланд, со многу помал БДП по жител, многу повеќе ги усреќиле своите граѓани. За ова говори и фактот, што една од најбогатите нации во светот, Велика Британија, се наоѓа на 18-то место на оваа листа, зад Костарика и Израел.

Па што мислите, дали во Македонија плата од 15.000 долари годишно е сосема доволно за да бидете среќни? Според слободна проценка станува збор за месечна плата од околу 54.000 денари.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар