5 навики на жените кои секогаш имаат време за себе

5 навики на жените кои секогаш имаат време за себе

Иако е тешко да издвоите време за себе, навиките како што се склопување „договор“ за времето поминато со себе и раното станување може да ви помогнат да се чувствувате посреќно и да се одморите! Во овој стресен и забрзан модерен начин на живот, за здрава психа е многу важно да одвоите време кое ќе го посветите исклучиво за своите потреби. Иако ова изгледа невозможно, некои навики можат многу да ви помогнат да ја постигнете оваа цел.

1. Будете се порано

Без разлика колку тешко ви изгледа со оглед на тоа дека и така треба да се будите порано – разбудете се половина до цел час пред останатите и пред обврските. Со ова ќе си овозможите тоа време да го искористите само за себе. Дури и ако само седите и пиете кафе, не размислувајќи за ништо или пак размислувајќи за денот кој е пред вас, ова е одличен начин да го испразните мозокот, да уживате во моментот на тишина и во мир да го испланирате денот.

2. Поставувајте граници на работното место

Личностите кои успеваат да ги завршат сите свои обврски ја затвораат вратата од канцеларијата или ставаат слушалки доколку работат со повеќе луѓе. Па така, на работното место може целосно да се посветат на своите задачи и да ги извршат обврските. Иако денес е модерно да се зборува за „мултитаскинг“, тој всушност не функционира онака како што би сакале. Ако извршувате повеќе работи истовремено, тоа всушност значи дека сè ќе биде извршено површно, а ќе потрошите повеќе време отколку да сте ги извршувале задачите една по една.

3. Користете паузи за ручек – надвор од работното место

Иако мислиме дека ручекот пред компјутер или некаде заедно со работата нè прави попродуктивни, всушност е спротивното. Ова е идеална прилика да одвоите време за себе и да се одморите. Тоа е исклучително важно и поради тоа што тогаш потполно ќе се фокусирате на она што го јадете – ќе изедете помалку, поздраво и подолго време ќе бидете сити.

3-kolku-od-niv-poseduvate-vie-5-naviki-na-zhenite-koi-sekogash-imaat-vreme-za-sebe-www.kafepauza.mk_

4. Исклучете се од работната рутина и практикувајте го вашето хоби

Без оглед на тоа дали можете да издвоите само 15 минути или половина час за вашите интереси, тоа време е важно, бидејќи тогаш потполно ќе се исклучите и ќе се посветите на она што ве радува. Можете да се исклучите и со вежбање, цртање или читање. Само немојте тоа време да го искористите за прелистување на постови на некоја од социјалните мрежи, на мобилниот телефон, бидејќи така нема да се одморите.

5. Вистинските договори – сами со себе

Да се договорите нешто самите со себе е подеднакво тешко, колку и лесно. Додека лесно ќе испланирате во кое време сакате да го сторите тоа, подеднакво е тешко дека ќе останете на планот и дека потполно ќе се посветите на себе. Прво планирајте по малку, на пример, 15-минутна прошетка или пак 10 минути кои ќе ги поминете во медитирање, да се тргнете од екранот и да уживате во зеленилото во паркот. Договорете се и дека плановите кои сте ги направиле сами со себе не смеете да ги прекршите!

2-kolku-od-niv-poseduvate-vie-5-naviki-na-zhenite-koi-sekogash-imaat-vreme-za-sebe-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар