Колку често жените мислат на секс?

Широко распространето е верувањето дека мажите помислуваат на секс многу почесто од жените. Дури е познато и верувањето дека мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди! Но, за овие „факти“ речиси и да не постојат цврсти докази.

kolku-chesto-zhenite-pomisluvaat-na-seks-kafepauza.mk

Сепак, во 2011 година било спроведено истражување на оваа тема. Истражувањето открило дека жените во просек помислуваат на секс околу 18,6 пати во текот на денот. Тоа е отприлика на секои 50 минути додека се будни. Во контраст, истражувањето покажало дека мажите помислуваат на секс на секои 28 минути.

Во текот на истражувањето, испитаниците биле замолени да забележуваат секој пат кога ќе помислат на секс, храна или спиење. Жените помислувале на храна на секои 62 минути, а на спиење на секои 72 минути. Мажите мислеле на храна на секои 38 минути, а на спиење на секои 33 минути.

Иста така, истражувањето покажало дека 59% од жените помислуваат на секс со нивниот поранешен партнер, додека само 48% од мажите го правеле ова. Во истражувањето што траело една недела, учествувале 283 студенти. Мажите покажале дека почесто мислат на потреби, како храна и спиење.

Проблемот кај овој тип истражувања е тоа што луѓето често забораваат да ги внесат податоците кои се потребни, или пак ги внесуваат грешно. Исто така нивното внесување на податоците може да биде под влијание на работи кои ги слушнале, нивни лични мислења и полови разлики. Затоа, во ова истражување испитаниците биле замолени да внесуваат повеќе информации за да не бидат свесни дека истражувањето е насочено кон нивната сексуалност.

Но, овие резултати се само просекот на сите внесени мисли. Во реалноста, имало мажи кои помислувале на секс само еднаш, а некои дури и до 100 пати. И кај жените ситуацијата била слична. Па, изгледа дека никогаш нема да го дознаеме точниот одговор на ова прашање.

Погледнете и што мислат машките за време на секс.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар