Колку бактерии има во салата за вежбање?

Салите за вежбање, справите, простирките и топките кои ги користат голем број луѓе, се совршено место за развој на бактерии и габички, како резултат на големата влага и покачената температура. Тие можат да предизвикаат мала неугодност, но и прилично сериозни здравствени проблеми. Поради тоа, треба да ги избришете сите предмети со крпа, пред и по користење.

(1) Колку бактерии има во салата за вежбање?

Торбата со вашите лични работи

Истражувањата покажале дека највалкани работи во теретаната се всушност нашите лични работи како ранецот кој го оставаме секаде: на подот, на клупата, во багажникот од автомобилот – објаснува директорот на универзитетот за клиничка микробиологија на универзитетот Њујорк, д-р Филип М. Тјерно.

Се разбира, не предизвикуваат сите бактерии болести, но сепак треба да обрнеме внимание каде ги оставаме торбата, облеката и пешкирите. Со спреј за дезинфекција, попрскајте го багажникот и шкафчето во соблекувалната и избегнувајте да ја оставате торбата на подовите.

Шишенцето со вода

И покрај тоа што редовно го миете, сепак на него секогаш има бактерии кои доаѓаат преку рацете, кои претходно биле на шкафчето, на мокриот пешкир, на справите, а потоа и на капачето од шишенцето. Најпаметно е да го полните шишето со вода до врвот уште од дома, добро да го измиете грлото од внатрешната и надворешната страна, да не го оставате во шкафчето и никогаш да не го делите со други луѓе – истакнува микробиологот Михаел Шмит од универзитетот Јужна Каролина. Тој објаснува дека делењето шишенце со некој друг е најлесниот начин за добивање норовирус.

Справи и опрема за вежбање

Кога одите во сала за вежбање, со вас носете си крпа или влажни марамчиња за чистење прашина, со кои ќе го исчистите шкафчето и справите за вежбање, пред и по употреба и предупредете ги тие пред вас кои не го сториле тоа. Доколку сте настинати, немојте тој ден да одите во салата за вежбање.

Туширање во фитнес-центар

Доколку се туширате во фитнес-центарот, во кадата влезете со папучи, кои ќе ве заштитат од габите кои демнат на плочките. Слични правила важат и во сауна. На тој начин ќе се заштитите од разни болести и инфекции.

Дополнителни совети за спречување зарази:

  • Мијте ги рацете пред и по вежбање
  • Избегнувајте да го допирате лицето со рацете
  • Доколку поред мијалникот нема хартија за раце, исчистете ги со гел за дезинфекција после вежбањето
  • Во салата влегувајте само со чисти патики, а доколку вежбате пилатес или јога, секогаш носете чорапи и хеланки, никако немојте да вежбате боси.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар