Колачиња: Црвено кадифе

Колачиња: Црвено кадифе

Red velvet или на македонски Црвено кадифе е една од најпознатите торти во Америка. Јаката црвена боја ја прави тортата многу специфична, а кога e филувана, добива неверојатен вкус и делува примамливо за сите.Колачиња: црвено кадифе Овие колачиња се направени од состојките потребни за тортата Red velvet, а посебни бидејќи се полнети со фил од крем-сирење. Ако сте во недоумица со што да ги изненадите гостите, пријателите или најблиските, овие колачиња се полн погодок.Колачиња: црвено кадифеПотребни состојки за подготовка на тестото:

  • 1/2 шолја несолен путер
  • 1 шолја кафеав шеќер
  • 2 лажици какао
  • 1/2 лажичка сода
  • на врв на лажиче сол
  • 1 јајце
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 шолји сенаменско брашно
  • 1/2 шолја матеница

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.

Путерот ставете го во длабок сад и со миксер мешајте го 30 секунди.Колачиња: црвено кадифеПотоа, додајте ги шеќерот, какаото, содата и солта.Колачиња: црвено кадифеДодајте едно големо јајце и едно лажиче екстракт од ванила.Колачиња: црвено кадифеДодајте ги двете шолји брашно, постепено, една по друга, мешајќи со миксер на најслаба брзина.Колачиња: црвено кадифеДодајте 1/2 шолја матеница, исто како брашното, на два пати.Колачиња: црвено кадифеНа крај ставете 30 мл црвена боја за готвење.Колачиња: црвено кадифеСо миксер измешајте ја целата смеса додека не добие црвена боја.Колачиња: црвено кадифеТавчето обложете го со хартија за печење. Од филот направете тркалезни форми со помош на лажица.Колачиња: црвено кадифеПечете 7-9 минути (зависи од рерната). Кога краевите на колачињата ќе почнат да се одвојуваат, тогаш се готови. Почекајте да се оладат, пред да ги полните со филот.

За подготовка на филот, потребни се следниве состојки:

  • 180 мл  крем-сирење
  • 3 лажици путер
  • 1/2 лажиче екстракт од пеперминт (или друг екстракт по ваша желба)
  • 3 шолји шеќер во прав
  • малку млеко (по потреба)

Крем-сирењето, путерот и екстрактот матете ги со миксер, додека да добиете пенеста смеса. Потоа, почнете постепено да го додавате шеќерот во прав. По потреба, додавајте по малку млеко (лажица по лажица) за  состојките рамномерно да се распределат низ смесата. Со добиениот фил, исполнете ја внатрешната страна на колачињата како сендвич. Колачиња: црвено кадифеСтавете ги во фрижидер и оставете ги да седат 3 дена. Извадете ги 15 минути пред сервирање.Колачиња: црвено кадифе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. manuela Reply

    so e toa krem-sir

  2. coffeelove Reply

    три дена? Џииз!

  3. Теодора Трповска Reply

    Мануела,
    крем сир е млечен намаз (како ABC). Како павлака само многу погуста, со повеќе млечни масти. Често се употребува во слаткарството, а со неа се прави и позната торта Cheesecake.

  4. Дес Reply

    На каква матеница се мисли?

    • Теодора Трповска Reply

      Матеница е спореден производ што се добива при производството на путер од павлака, од пастеризирана павлака или од ферментирана пастеризирана павлака.

      Матеница се прави од кисело млеко разредено со вода. Треба да биде ретка смесата, т.е матеницата.

Напиши одговор на manuela Откажи одговор