Колаче мое – слатките тајни зад прекарите

Женските муабети често се вртат околу мажи. Жени седнати на кафе, најчесто одбираат да зборуваат за мажи. За своите дечковци, потенцијални идни дечковци, типови со кои се состануваат… Зависно од тоа колку сме блиски со другите дами на истата маса, кажуваме наши тајни и делиме совети, разменуваме искуства. Ако им го наслушнете муабетот на девојките од соседната маса, ќе добиете јасна слика за типот за кој зборуваат. Ќе го опишат и најситниот детаљ поврзан со неговиот изглед, или за тоа како поминал нивниот состанок. Но ретко кога јасно и гласно ќе го кажат неговото целосно име, а не дај Боже, и презиме. Порадо би се послужиле со прекари или иницијали.Колаче мое – слатките тајни зад прекаритеЗошто жените им даваат прекари на мажите со кои излегуваат? Бидејќи е лесен и безболен начин да го „зачинат“ целиот процес на трагање по вистинскиот и воедно да го направат многу позабавен. Плус, за одбрана од чаршиски уши, полесно и послободно ќе зборуваат за него во јавност. Но најважната причина која се крие позади етикетирањето на мажите, е тоа што се штитиме себеси од евентуално кршење на срцето. На некој начин, ако не зборувате за него со спомнување на неговото име, како да покажувате дека не сте толку приврзани и дека личноста не ви значи баш многу. Ако на крај не излезе како што треба, и работите не се одвиваат по посакуваниот тек, ќе ви биде полесно со оглед на тоа што не сте се навикнале на неговото име, па на некој начин е побезболно. Но едно нешто е од есенцијално значење: никогаш, ама баш никогаш не му кажувајте како го именувате кога зборувате за него со другарките.

Од друга страна, мажите често даваат прекари за да се пофалат со каква риба излегуваат. Друго е кога на другар ти ќе му кажеш излегувам со една Марија, а друго е кога ќе ја наречеш Долгоногата со градник Д. Автоматски си појак фраер. И секако, покажуваш дека не ти значи ништо посебно штом не ја спомнуваш по име, или макар само се преправаш дека е така.

За женкарите, пак, употребата на прекари е неопходна, прекари со кои ќе им се обраќаат на своите девојки. Најупотребуваните се: Срце, Злато, Мило, Мало, Маче… Па фала Богу, ако на сите им се обраќаат по имиња, има да направат таратур. На Маја ќе ѝ се обратат со Силвана, На Светле со Елена… и како ќе го објаснат тоа, кога на пример од Јасмина до Дијана има разлика колку од небото до земјата? Вака се поштедуваат од објаснувања, или од ненајавена клоца во меѓуножјето.

Какви прекари ќе смислите за некого, зависи од тоа колку сте креативни. Ќофте, Морковче, Носе, Пендрек, Тиква, Ушла… Прекарите варираат од град во град. На пример, најчесто употребуван прекар во Прилеп е Муце, или ако сакате членувано, Муцето.

Клише прекари, оние стандардните, најчесто инспирирани од: органи – Срце, Желудник, Џигер… животни – Мече, Маче, Тигрица… накит – Злато, Сребро, Алтан… и т.н. прекари со кариес: Шеќерче, Бонбонче, Карамелче, Торте

Постојат прекари дадени од љубов и милост. Јаглико моја, портокалу мој, пиленце убаво, славејче што наутро ми пее… Постојат прекари дадени од гнев и омраза. Сељак, Клемпав, Педер, Сој, Утка… Во некои случаеви, прекарите кои еднаш биле дадени од љубов, прераснуваат во нешто сосема спротивно. На пример, вашиот маж, после 20 години во брак, од јагне ќе прерасне во говедо. Или жена ви, која едно време била пиле сега е кокошка. Еволуција. Затоа, не се радувајте кога ќе почне да ви се обраќа со име на животно. Голема е веројатноста еден ден да еволуирате во нешто друго.

До следното читање,

Вашата Ели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар