Коктел за празнична детоксикација

По празниците ова е тоа што му треба на организмот

Коктел за празнична детоксикација

Потребни состојки:
  • 1 л вода
  • ½ грејпфрут
  • 1 мандарина
  • 1 краставица
  • 4-6 поголеми листови нане
Начин на подготовка:

Краставицата исечкајте ја на крукчиња, додека мандарината и грејпфрутот излупете ги и раздвојте ги на резанки. Сите состојки ставете ги во бокал и прелијте ги со водата, и оставете ги да преноќат во ладилник. Наредното утро промешајте го убаво напитокот и испијте го во текот на денот.

Овој напиток е добар за чистење на организмот затоа што:
  • Грејпфрутот е полн со витамин Ц, ги топи мастите и ги претвора во енергија.
  • Мандарината го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ја забрзува потрошувачката на калории.
  • Краставицата создава чувство на ситост, ја намалува подуеноста и го чисти телото од токсини.
  • Нането го забрзува и контролира варењето на храната и го смирува желудникот.

Прочитајте и за напитокот кој ќе ви помогне да го израмните стомакот по празничните гозби.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар