Која е најголемата грешка која сите ја прават за време на диетите и како да ја избегнете?

Постојат многу малку нешта кои се подобри и поздрави за организмот од чистата вода, но ако претерате со консумирањето на оваа напивка можете да го постигнете спротивниот ефект. Водата, како и секоја друга супстанца на планетата може да стане отров за вашето тело ако со неа претерувате.

Која е најголемата грешка која сите ја прават за време на диетите и како да ја избегнете?

Зголеменото внесување на течностите во вашиот организам е неопходен во летните месеци. Вие не смеете да дозволите вашиот организам да дехидрира бидејќи тоа може да доведе до фатален исход, дури почесто отколку што би помислиле. Но, ни другата крајност не е здрава, а тоа ни го покажуваат и многубројните смртни случаи во кои настанала интоксикација со вода (да, тоа навистина постои). Еден од овие случаи била и Жаклин Хенсон (49) која во обид да изгуби тежина пиела 4 литри вода на секој 2 часа. Таа починала во болница, од отекување на мозокот. Но, нејзиниот случај не е единствен во историјата…

Дури и да не дојде до труење, претерувањето со водата може да доведе до низа други проблеми, кои најчесто се забележуваат кај жените на диета. Тие прескокнуваат оброци бидејќи се сити, односно полни со вода, што е многу нездраво за самиот организам. Хидратацијата е неопходна за правилно функционирање на организмот, а внесувањето течности треба да биде зголемено во текот на летните месеци. Но, тоа не значи дека треба да пиете вода со сила, бидејќи на тој начин не само што нема да има ефект, туку може да биде и опасно за вас.

2 до 3 литри дневно се сосема доволно за еден здрав човек, но сепак најдобро е да го следите вашето тело. Доколку ви се пие вода, слободно пијте. Но, доколку не сте жедни, а намерно пиете, тогаш тоа може негативно да се одрази врз вашето слабеење. Водата е клучна за слабеењето, но во умерени количини. Па, за да си помогнете при губењето килограми, експертите препорачуваат да пиете вода постепено, голтка по голтка, бидејќи на тој начин постои многу мала шанса да дојде до претерување.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар