Кој ви кажал дека љубовта треба да боли?!

Кој ви кажал дека љубовта треба да боли и да ја повредува секоја клетка од вашето ранливо тело?! Тоа не е вистина и не треба да им верувате на луѓето кои ви ја кажале оваа лага. Љубовта не треба да боли. Љубовта треба да ви дава сигурност. Можеби не сте имале такво искуство во минатото, но погрижете се да го доживеете тоа сега.

Кој ви кажал дека љубовта треба да боли?!

Кој ви кажал дека љубовта треба да боли и да го повредува секое делче од вашето кршливо срце? Никогаш не сте мислеле дека вашето срце може да дава толку многу, а да добива толку малку. Зар не сте научиле ништо од месечината?! Секогаш давате, дури и тогаш кога мислите дека немате што да дадете. Силно ќе светне новиот ден и вие ќе се чувствувате исполнети.

Секои 7 години, ѕвездениот прав од којшто се состојат вашите коски се менува и месечината ве повлекува во насока што никогаш претходно не сте ја зеле предвид. Ќе се исплашите. Ќе ви се чини треба да поминат светлосни години додека да успеете. Ќе мислите дека вашето срце ќе биде скршено цела декада!

Но, сепак тргнете по тој пат! Тоа е вашиот пат. Океанот никогаш нема да ве напушти. Љубовта никогаш нема да ве напушти. Простувањето плови на брановите и може да ве измие, ако му дозволите. Ослободете се од болката. Ослободете се од вашата идеја за тоа како би требало да изгледа љубовта. Ослободете со од вашата идеја за тоа како би требало да изгледа вашиот живот. Секој ден се развиваме и за 7 години нема да изгледате онака како што сте се замислувале.

Можете да се спасите себеси. Можете да ги спасите оние делови од себе кои ве преколнувале да ги слушнете. Можете да го слушнете она што треба да го слушнете и да трагате само по работите кои би ви го направиле животот поубав.

Зазорува, месечината е полна, животот е убав. Кој ви кажал дека љубовта треба да боли?!

Љубовта е прекрасна, но на многу луѓе им е страв да ја доживеат. Ова се 7-те причини поради кои луѓето се плашат од љубов.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар